fbpx
Таг: Украина Русија

таг: Украина Русија

Украинската војна продолжува, уште гинат цивили

На борбеното поле во Украина и понатаму продолжи гранатирањето и бомбардирањето на цивилни цели, при што во нападите во регионот Донецк во изминативе 24 часа, еден цивил во селото Константинивка го загубил животот, а друг е повреден. Во целиот регион Донецк се повредени уште осум лица, соопшти шефот на Регионалната воена управа на Донецк, Вадим Флашкин. Како што пренесува украинската...

Мајката и адвокатите на Навални спречени да влезат во мртовечницата во рускиот град Салехард

На мајката на Алексеј Навални и неговите адвокати не им било дозволено да влезат во мртовечницата во рускиот град Салехард во близина на затворската колонија каде властите соопштија дека тој починал, изјави портпаролката на Навални, Кира Јармиш, а пренесува Гардијан. „Еден од адвокатите беше буквално истуркан“, напиша Јармиш на социјалната мрежа „Х“, додавајќи дека персоналот на мртовечницата не одговарал на...

Руската војска спречена во обидот да напредува западно од Авдиивка

Русија соопшти дека презела целосна контрола врз источниот украински град Авдиивка, што е нејзин најголем напредок од заземањето на Бахмут минатата година, по повлекувањето на украинските војници, пишува Гардијан. Руските трупи извршија повеќе напади западно од Авдиивка во обид за понатамошни придобивки на бојното поле, изјави вчера портпаролот на украинската армија Дмитро Лиховиј. „Непријателот се обидува активно да ја развие својата...

Откако Конгресот „дигна рачна“, Бајден порача дека ќе се бори за постојана помош за Украина

Претседателот на САД, Џо Бајден порача дека ќе ги прави сите напори за да дојде до тоа Конгресот на САД да одобрува помош за Украина, иако Долниот дом на Конгресот на САД ја блокираше дополнителната воена помош од 60 милијарди долари за Украина. Објаснувајќи го тоа за новинарите по телефонскиот разговор со неговиот украински колега Володимир Зеленски, тој рече дека...

Украинската војска се повлече од Авдиивка за да ги спаси животите на војниците

Украинската армија ги повлече своите војници од разурнатиот град Авдиивка во Доњецк за да избегне опкружување и да ги спаси животите на своите војници, изјави врховниот командант на армијата. Во кратката изјава објавена на Фејсбук, украинскиот командант, генерал полковник Олександар Сирскиј рече дека донел одлука да избегне опкружување и „да ги зачува животите и здравјето на војниците“. Тој додаде дека...

Во затвор пронајден мртов Навални, најгласниот критичар на Владимир Путин

Главниот опонент на рускиот претседател Владимир Путин и најзначајниот руски опозициски лидер во изминатата деценија Алексеј Навални, е пронајден мртов во затвор во Арктичкиот круг, јавуваат руските новински агенции, цитирајќи ја затворската служба. Навални, кој важеше за најгласен критичар на Путин, отслужуваше 19-годишна затворска казна за прекршоци кои нашироко се сметаат за политички мотивирани, пишува Би-би-си. Кон крајот на минатата година...

Путин бил изненаден од недостигот на „остри прашања“ од Такер Карлсон

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека иако е благодарен за можноста за интервју со толкава публика, бил изненаден од недостигот на „остри прашања“ од страна на конзервативниот американски ТВ-водител Такер Карлсон, пренесува Гардијан. Станува збор за популарното обемно интервју со рускиот претседател објавено на 8 февруари, кое достигна преку 200 милиони прегледи на Икс (поранешно Твитер). „Да бидам искрен, мислев...

Москва се подготвува за воена конфронтација со Западот во следната деценија, соопшти Естонија

Русија се подготвува за воена конфронтација со Западот во следната деценија и би можела да биде одвратена со зголемување на вооружените сили, соопшти вчера естонската Служба за надворешно разузнавање, а пренесе Ројтерс. Сè поголем број западни претставници предупредуваат на воена закана од Русија за земјите долж источното крило на НАТО, повикувајќи ја Европа да се подготви за повторно вооружување. Шефот на...

На украинскиот фронт одново борби и напади, Русија го милитаризира високото образование

Британското разузнавање верува дека отворањето на Институтот за светска воена економија и стратегија на Московската Висока школа за економија е знак за потесна соработка меѓу рускиот академски и одбранбениот сектор, пренесува украинската државна новинска агенција ukrinform.net. Во февруари 2024 година, формиран е нов воен истражувачки институт на Московската Висока школа за економија. Институтот за светска воена економија и стратегија е...

Путин во трка за претседател со уште тројца кандидати – сите поддржувачи на војната во Украина

Регистрацијата на руските кандидати за претседателските избори во март е затворена, јави ТАСС, со претседателот Владимир Путин, кој се очекува да победи и уште тројца политичари - сите поддржувачи на војната на Русија во Украина. На листата не беше вклучен рускиот антивоен кандидат Борис Надеждин, откако Централната изборна комисија (ЦИК) во четвртокот му забрани да се кандидира, велејќи дека открила...

Седуммина загинати, меѓу нив и три деца, во руски напад врз Харкив

Седум лица, меѓу кои и три деца, загинаа во напад на руски дрон врз бензинска станица во градот Харкив во источна Украина, изјави утрово регионалниот гувернер Олег Синегубов, а пренесува Гардијан. „За жал, бројот на загинати од окупаторските напади на Харкив се искачи на седум. Меѓу нив има три деца: седум, четири години и шестмесечно бебе“, напиша Синегубов на социјалната...

Како помина интервјуто на Такер Карлсон и Путин?

Контроверзниот американски новинар Такер Карлсон и Владимир Путин вчеравечер беа во центарот на вниманието – десничарскиот коментатор и поддржувач на Трамп го интервјуираше повлечениот руски автократ, пишува Гардијан во својот извештај за интервјуто. Двочасовното необично интервју, снимено во Москва, беше прво на Путин со западен медиум откако Русија ја нападна Украина во февруари 2022 година. Путин доминираше за време на целиот...

Такер Карлсон направи интервју со Путин, вечерва ќе се објави – Хилари Клинтон го нарече „корисен идиот“

Познатиот американскиот конзервативен новинар и ТВ-водител Такер Карлсон најави дека изминатите денови бил во Москва за да го интервјуира рускиот претседател Владимир Путин. Интервјуто ќе биде објавено вечерва на полноќ, на социјалната мрежа Х (поранешно Твитер) и на веб-сајтот на Карлсон. Тој вели дека му е новинарска должност да им даде на своите гледачи и слушатели целосна слика на ситуацијата....

Руските напади во Украина повторно однесоа жртви

Нападите на руските агресорски сили во Украина во изминатово деноноќие повторно однесоа жртви. Се напаѓало од воздух и од земја, со артилерија, при што настрадале цивили и граѓанска инфраструктура, јавува украинската државна новинска агенција ukrinform.net. Југозападниот голем пристанишен град Одеса ноќеска бил нападнат со руски дронови, при што е оштетена цивилна инфраструктура. Оштетени биле и недовршени станбени згради, како и...

Дипфејк видео од Зеленски како танцува се шири на социјалните мрежи во соседството

Од почетокот на годината кружи ново дип фејк (deep fake) видео од Зеленски како танцува во црвена носија. На социјалните медиуми Фејсбук и Тик-Ток се споделува видеото од претседателот на Украина, но тоа, всушност, е манипулирано видео од 2020 година, на кое е прикажан руски танчер на некаква прослава, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Претседателот...

Повредени најмалку 13 лица во руски ракетен напад врз Кијив

Руските вооружени сили утрово извршија голем ракетен напад врз главниот град на Украина, Кијив, јави украинската државна новинска агенција ukrinform.net. Ракетни напади се извршени и врз други населени места во Украина, при што, како одговор, биле активирани капацитетите на Военото воздухопловство на Украина. Во Кијив досега се знае за 13 ранети или инаку повредени цивили, од коишто една е бремена...

Убиено бебе во руски напад на североистокот на Украина

Двомесечно бебе загина, а три жени се повредени во руски напад во североисточна Украина, изјави гувернерот на Харковската област Олег Синегубов. „Околу 2 часа и 30 минути по локално време, хотел на три ката е уништен во Золочив со два ракетни напади од страната на „руските окупатори“, рече Синегубов на Телеграм. Според него, едно двомесечно дете починало, додека три жени се...

Зеленски се подготвува да смени високи функционери поради „ресетирање“ на украинското раководство

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека размислува за „ресетирање“ на раководството во Украина, со промена на неколку високи функционери, заради тоа што има шпекулации дека се подготвува да го отпушти врховниот командант на вооружените сили на земјата, пренесува „Гардијан“. „Неопходно е ресетирање, зборувам за замена на голем број државни лидери, не само во армискиот сектор“, рече Зеленски. Според шпекулациите, Зеленски е...

Руската војска извршила 104 напади за 24 часа во регионот Запорожје

Руската војска гранатирала 22 населени места во регионот Запорожје, во Украина, во текот на изминатото деноноќие. Како што информираат украинските медиуми регистрирани се 104 напади, а уништени се станбени згради и инфраструктурни објекти. Нападнати биле повеќе населени места во регионот со над 80 артилериски напади, а во воздушен напад биле употребени 22 беспилотни летала. Руските трупи, во последните 24 часа нападнале...

Макрон го опиша рускиот напад во Украина како „кукавички и бесрамен чин“

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, го оцени рускиот напад во Украина, каде беа убиени двајца француски хуманитарни работници, како „кукавички и бесрамен чин“. „Чувствувам солидарност со сите волонтери кои се посветени да му помогнат на населението“, напиша Макрон на платформата X. Deux humanitaires français ont été tués en Ukraine par une frappe russe. Acte lâche et indigne. Je pense à leurs...

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...