fbpx

Москва се подготвува за воена конфронтација со Западот во следната деценија, соопшти Естонија

Сè поголем број западни претставници предупредуваат на воена закана од Русија за земјите долж источното крило на НАТО, повикувајќи ја Европа да се подготви за ново вооружување

-

Русија се подготвува за воена конфронтација со Западот во следната деценија и би можела да биде одвратена со зголемување на вооружените сили, соопшти вчера естонската Служба за надворешно разузнавање, а пренесе Ројтерс.

Сè поголем број западни претставници предупредуваат на воена закана од Русија за земјите долж источното крило на НАТО, повикувајќи ја Европа да се подготви за повторно вооружување.

Шефот на естонската разузнавачка служба Каупо Росин рече дека проценката се заснова на руските планови да го удвои бројот на сили стационирани долж нејзината граница со членките на НАТО – Финска и балтичките држави Естонија, Литванија и Латвија.

„Русија избра пат кој е долгорочна конфронтација… и Кремљ веројатно предвидува можен конфликт со НАТО во следната деценија или нешто повеќе“, им рече Росин на новинарите при објавувањето на извештајот за заканите по националната безбедност на Естонија.

Тој додаде дека воен напад од Русија е „многу неверојатен“ на краток рок, делумно поради тоа што Русија мора да ги задржи војниците во Украина.

Естонија и другите балтички земји ги зголемија своите воени трошоци на над 2 отсто од вредноста на нивните економии откако Русија го анектираше Крим во 2014 година, а сојузниците на НАТО го зголемија своето присуство во тие земји.

Германија планира да има 4.800 борбено подготвени војници во регионот до 2027 година, што е прво постојано странско распоредување по Втората светска војна за оваа земја.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...