fbpx

Путин бил изненаден од недостигот на „остри прашања“ од Такер Карлсон

Рускиот претседател изјави дека е благодарен за интервјуто, но дека не чувствува целосна сатисфакција со како истото течело

-

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека иако е благодарен за можноста за интервју со толкава публика, бил изненаден од недостигот на „остри прашања“ од страна на конзервативниот американски ТВ-водител Такер Карлсон, пренесува Гардијан. Станува збор за популарното обемно интервју со рускиот претседател објавено на 8 февруари, кое достигна преку 200 милиони прегледи на Икс (поранешно Твитер).

„Да бидам искрен, мислев дека ќе се постави поагресивно и ќе поставува таканаречени остри прашања. Едноставно не бев подготвен за тоа што испадна. Баш сакав тој да се постави поофанзивно, бидејќи тоа ќе ми дадеше можност да одговорам на ист начин“, рече Путин на емисија на руска телевизија, на која искажа дека не чувствува „целосна сатисфакција“ со конечното интервју.

Всушност, и новинарската фела ја имаше истата критика за Карлсон и неговото новинарско достоинство. Маргарет Саливан за Гардијан напиша дека интервјуто не претставувало „новинарство, туку умилкување“.

Карлсон нема одговорено на критиките на интервјуто. Единствена негова објава од интервјуто е кратко видео во кое го фали нивото на хигиена на московското метро.

Инаку, интервјуто на Карлсон беше првото интервју на Путин со американски новинар од почетокот на војната во Украина.

„Бидејќи не сме во можност да водиме директен дијалог со западот, мора да му бидеме благодарни на г. Карлсон што го овозможува тоа преку неговата посредничка улога“, рече Путин.

Во истото интервју на руска телевизија, Путин изјави дека го претпочита Џо Бајден пред Доналд Трамп како претседател на САД.

„Бајден е поискусен и попредвидлив – политичар од старата школа. Но, ние ќе работиме со секој американски претседател во кој американскиот народ има доверба“, објасни рускиот претседател.

Во 2021 година, пак, обелоденети документи од Кремљ кои се интерпретираа како поддршка од Путин за „ментално нестабилниот“ Трамп за време на претседателските избори во 2016 година. Во документите пишува дека претседателството на Трамп е во интерес на Русија поради предизвикувањето на „општествен хаос“ во САД како и ослабување на преговорачките предности на САД.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...