fbpx
Таг: училишта

таг: училишта

Седма дојава за бомба во четири гимназии, овој пат со вознемирувачка фотографија преземена од Интернет

Нови дојави за поставени бомби стасале денеска на електронските адреси на четири училишта за средно образование во Скопје. Како што дознава Мета.мк, станува збор за гимназиите „Јосип Броз Тито“, „Никола Карев“, „Раде Јовчевски Корчагин“ како и гимназијата „Орце Николов“. Она што е поразлично од претходно е тоа што денеска и пред два дена, заканите стасаа во првата смена, во...

Муцунски: Некој го мести Николовски, МВР да ги разоткрие вистинските сторители

Потпретседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, и градоначалник на општина Аеродром, Тимчо Муцунски смета дека некој го мести 23 годишниот Никола Николовски кој е осомничен за поврзаност со лажните закани за бомби во скопските средни училишта. Муцунски на социјалните мрежи објави оти смета дека Николовски е невин, а полицијата треба да ги разоткрие вистинските сторители. Муцунски во својата објава на социјалните мрежи...

Одземени предмети за вештачење од домот на осомничениот Николовски, тој е пуштен на слобода

Од домот на осомничениот за можна поврзаност со вчерашните лажни закани за поставени бомби во девет скопски средни училишта, одземени се предмети за вештачење, информираат од МВР за Мета.мк. Покрај повеќечасовниот разговор со него во полициска станица, во координација со обвинителството извршен бил претрес на неговиот дом, додаваат оттаму. Потоа, тој е пуштен на слобода додека МВР се обидува...

Еден приведен во врска со лажните закани за бомби во скопските средни училишта

Министерството за внатрешни работи денеска приведе едно лице кое е осомничено дека е поврзано со заканите за поставени бомби во средните училишта во Скопје. Како што велат од МВР за Мета.мк, денеска (02.11.2022 г.) го привеле Н.Н. од Скопје, а во координација со јавното обвинителство веќе се преземаат мерки за расчистување на случајот. Од МВР информираат дека завршиле проверките во деветте...

Нова закана за бомби во осум училишта, овојпат во содржината на пораката е и шегата на Путин

Нова дојава за поставена рачна експлозивна направа пристигна на електронските адреси на училишта за средно образование во Скопје. Како што информираат во Министерството за внатрешни работи, во СВР Скопје околу 14.30 часот денеска е пријавено дека до осум училишта пристигнала електронска порака со закана за поставена бомба. Ова е четврти пат во последниве две недели да има дојави за поставени...

Владата ќе обезбеди поевтина струја за компаниите за стабилизирање на цените на храната

Премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес - конференција соопшти дека за училиштата и за компаниите кои вршат производство на основните прехранбени производи, леб, брашно, млеко, месна, живинарска индустрија и масло за јадење ќе има поевтина струја. Со оваа мерка, како што рече Ковачевски, ќе треба да се стабилизираат цените на храната. Се очекува цените на производите да се намалат за...

Јетон Шаќири: Нема подобра алтернатива од наставата со физичко присуство

Нема подобра алтернатива од наставата со физичко присуство, вели министерот за образование и наука, Јетон Шаќири во интервју за Новинската агенција Мета.мк, коментирајќи ги неофицијалните најави дека зимава е можно да се врати онлајн учењето поради енергетската криза. Но, како што додава тој, за да се одржи наставата со физичко присуство потребно е, покрај МОН, и училиштата и општините...

Порталб: Во Тетово „пинг-понг“ со наставниците, се очекува нов конкурс

На повеќе од 20 наставници, во основните училишта во општина Тетово, на 31 август им истекле договорите за вработување и не им биле обновени. Од Општина Тетово не го наведуваат точниот број на наставници. Неофицијално, станува збор за наставници кои биле пред добивање решение за работа. Наставата во моментов ја изведуваат наставници кои се ангажирани како замена. Државниот просветен инспекторат...

Истражување на „Аналитика“: Епидемија на насилство во средните училишта

Високи 70 отсто од учениците биле сведоци на насилно однесување во нивните училишта. Сепак, тие насилството не го пријавуваат од бројни причини, меѓу кои незнаењето кому или како да се пријави, а да останат анонимни, покажа истражувањето на тинк тенк организацијата „Аналитика“ кое беше спроведено во три средни училишта на територијата на Град Скопје – СУГС „Здравко Цветковски“, СУГС...

Ќе доцнат новите учебници за четири одделенија, се средуваат ракописите и се бара фирма што ќе ги печати

Согласно новата Концепција за основно образование, од септември учениците во прво, второ, четврто и петто одделение треба да учат по нови учебници. Наставните програми се готови, но учебниците ќе доцнат во првите месеци од учебната година. Како што за Мета.мк информираат во Министерството за образование и наука (МОН), сите постапки за одобрување на учебниците за прво, вторo, четврто и...

Бирото реагира на пишувањата во дел од медиумите во однос на новите наставни програми

Бирото за развој на образованието (БРО) испрати информација до медиумите, во која дава појаснувања околу новите наставни програми согласно Концепцијата за основно образование. Повод за појаснувањето, како што велат, се „погрешни информации во врска со новите наставни програми наведени во медиумите“. Оттаму информираат дека ако се погледнат наставните програми за второ одделение, во стандардите за оценување и понудените активности, најдиректно...

Дигитализацијата е возможна мисија само ако се гради на здрава ИТ основа

Нови дигитални материјали за учење како дел од новата Концепција за основно образование, електронски алатки, интерактивни табли, електронско пријавување за упис во средно училиште, електронско аплицирање за стипендија, за студентско легло во студентски дом, водење евиденција во електронски дневник... Ова се само некои од можностите и услугите кои се дел од образовниот систем во С. Македонија. Надлежните често кажуваат дека...

Достапна е веб-апликацијата „Мапирање на училишта“, ја покажува близината до казина и обложувалници

Веб-апликацијата – Мапирање на училишта, која беше победничко решение на вториот Хакатон за отворени податоци е достапна за користење. Апликацијата ја изработи стартап тимот Web pillar & Data consulting, информираат од Фондацијата Метаморфозис. „Имајќи ја предвид важноста на транспарентноста и достапноста на информациите, победничкото решение понуди мапирање и регистри според однапред утврдени параметри на сите средни и основни училишта во Република Северна...

Признанија од град Скопје за професори од училишта за средно образование

Шеесет и двајца наставници од осум градски средни училишта денеска добија признанија и награди од градот Скопје за нивниот придонес и активно учество во унапредувањето на меѓуетничката интеграција во образованието преку редовна реализација на заеднички наставни часови со ученици кои учат на различни наставни јазици. Признанијата и наградите на просветните работници им ги додели градоначалничката Данела Арсовска. Во средните училишта...

Од февруари се бира фирма што ќе печати свидетелства, учениците ќе ги добијат до август

Исто како и минатата година, учениците во основното и во средното образование нема да ги добијат свидетелствата за постигнатиот успех на крајот на јуни. Во тек е тендерска постапка за избор на фирма која ќе ги печати. Зекирија Хасипи, директорот на Бирото за развој на образованието, за Мета оценува дека ова воопшто не претставува проблем и уверува дека учениците...

Ќе добијат ли учениците навреме свидетелства за да можат утре да се запишат во средно?

Електронското пријавување за упис во средно образование е утре и задутре, па затоа во многу основни училишта низ државата, за денеска е закажано доделување на свидетелствата за деветто одделение. Во некои училишта се делеле свидетелства и викендов, а во некои пак, закажано е доделување вечерва во 18:30 часот. Директорите со кои поразговаравме велат дека не се доцни со давањето на...

Менструалната хигиена не е привилегија – институциите ветуваат, но не исполнуваат

Секој месец, околу 1,8 милијарди луѓе ширум светот имаат менструација. Милиони од овие девојки, жени, трансродови мажи и небинарни лица не се во состојба да управуваат со својот менструален циклус на достоинствен, здрав начин. Од таа причина, 28 Мај се одбележува како Светски ден на менструалната хигиена. Почетокот на менструацијата значи нова фаза и нови ранливости во животот на адолесцентите....

Основци селектираа и реупотребуваа отпад

Унијата на македонски асоцијации во креативните индустрии УМПАКИ Скопје, со поддршка од Делегацијата на Европската Унија и Министерството за култура организираше работилници за заштита на животната средина и соларна проекција на филм во Скопје и Гостивар, кои ги проследија над 100 основци. Во соработка со Центарот за култура „АСНОМ“ во Гостивар, завчера беше организирана работилница за намалување, реупотреба и...

Протест за намалување на менструалната сиромаштија – „5% данок на производи за менструална хигиена сега!“

Намалување на менструалната сиромаштија, бидејќи менструалната хигиена не е привилегија, туку прашање од јавен интерес, беше едно од неколуте барања кои активистки од неколку граѓански организации на мирен протест пред Министерството за финансии денес ги упатија до надлежните институции. Тие побараа намалување на ДДВ-то и субвенционирање на менструалните производи во основните и средните училишта и јавните тоалети, на товар на...

Владата одлучи дека нема да има продолжување на учебната година

Владата на Република Северна Македонија на вчерашната 44 редовна седница ја донесе Одлуката за утврдување на бројот на наставните денови во учебната 2021/2022 година во средните училишта. На седницата беше утврден бројот на наставните денови во тековната учебна година во средните училишта да изнесува 146 наставни денови, односно беше донесена одлуката да нема продолжување на учебната година. Во последниов период пошироката...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...