fbpx
Таг: убиство

таг: убиство

ДУИ: Надлежните да го расветлат убиството во Куманово

Демократската унија за интеграција ги повика надлежните да го расчистат денешниот вооружен инцидент во Куманово, во кој едно лице е убиено, а две се ранети. Партијата изрази сочувство до семејството на убиениот, а на повредените им посака побрзо закрепнување. Инцидентот се случил денеска попладне, кога непознато лице, од возило во движење отворило оган врз убиениот Џемаил Реџепи, познат како Командант Шкипоња,...

Денеска почнува судењето за трикратното убиство во Кавадарци

Во Основниот суд во Велес денеска почнува судењето против Тони Станоев, обвинет за трикратно убиство во Кавадарци, од ноември 2014 година, кога ги застрела родителите на својата сопруга и нејзината сестра. На Станоев ќе му се суди за три кривични дела убиство, за кои му се заканува казна затвор од најмалку 10 години до доживотен затвор, за убиството на Снежана, Билјана и...

Обвинетиот за убиството на матурантот Ангел Петковски, осуден на 14 години затвор

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 денеска ја објави пресудата со која на 14-годишна затворска казна е осуден Насер Ештрефи од скопското село Грчец за убиството на матурантот Ангел Петковски, што се случи во мај минатата година, во населбата Ѓорче Петров. „Советот, ценејќи ги олеснителните и отежителните околности, на обвинетиот му одреди казна затвор во траење од 14 години, а...

Убиени чешки туристи во Албанија, полицијата нуди награда за информација

За каква било точна информација во врска со сторителите на убиството на двајцата туристи од Чешка, кое беше извршено во регионот на Дукаѓин, албанската полиција нуди 30.000 евра. Полицијата гарантира целосна анонимност на лицето што ќе ја даде информацијата за убијците, известуваат албанските медиуми. За грозноморниот чин сè уште нема уапсени, но на информативен разговор се повикани повеќе од 30 лица. Полицијата постави и...

Нервна раздразнетост, причина за вчерашното братоубиство во Кичево

Полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против А.С. (42) од кичевското село Другово, кого го товари за убиство за обид за убиство. Пријавениот, вчера, со нож му нанел тешки телесни повреди на својот брат Арун С. (46), кој подоцна им подлегнал на повредите. Тој се обидел од живот да ја лиши и својата снаа Б.С. (39), која добила убодни повреди во левото рамо. Според...

Кривична пријава за напаѓачот што си го уби братот во центарот на Кичево

Кичевската полиција поднела кривична пријава против А.С. (42) селото Другово, осомничен дека вчера попладне со неколку убоди со нож го убил сопствениот брат Арун С.(46) во центарот на градот, информира полицијата. Тој, според пријавата, се товари за убиство и за обид за убиство. Нападот се случи вчера, околу 16 часот, на градскиот плоштад во Кичево. Според полицијата, осомничениот во тоа време ги...

Убиство во центарот на Кичево: Го избодел брата си до смрт

Попладнево, околу 16.30 часот, во центарот на Кичево, напаѓач со нож го избодел сопствениот брат, кој по кратко време им подлегнал на повредите. Според очевидци, напаѓачот го прободел братот повеќе од десет пати, по што се обидел да побегне. Сепак, со брза интервенција на полицијата, напаѓачот е фатен, потврди портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. Надлежните вршат увид на местото на настанот, по...

Денеска почнува судењето за убиството на медицинската сестра на Детска клиника

Судењето за убиството на медицинската сестра на Детската клиника во Скопје почнува денеска. Убиството се случи на 9 јануари годинава, вечерта околу 19 часот, во кругот на комплексот Клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, во потпокривната просторија на Клиниката за детски болести на седмиот кат. Обвинето за убиството е 22-годишно момче од скопски Петровец, кое ќе одговара за убиство на бремено лице....

Обвинетиот за убиството на Ангел Петковски бил свесен за извршеното дело

Насер Ештрефи (19), обвинет за убиството на матурантот Ангел Петковски, бил свесен за делото што го извршил, изјавил психологот, кој на денешното рочиште давал свое мислење за писхичката состојба на обвинетиот, пренесува „Плусинфо“. И во првото вештачење беше утврдено дека обвинетиот бил свесен за настанот и за делото, но одбраната не го прифати тој наод и бараше ново мислење. Убиството на...

„Граѓаните за Македонија“ ќе се приклучат на протестот „Правда за Мартин“

Коалицијата „Граѓаните за Македонија“ го поддржува и ќе се приклучи на протестот „Правда за Мартин – Нема правда, нема мир!“, затоа што, како што стои во соопштението од коалицијата, и „по четири години од убиството на Мартин Нешковски, власта и надлежените институции упорно ја прикриваат вистината и не ја признаваат сопствената вина и одговорноста за неговата смрт“. „Протестираме бидејќи од...

Припадници на Исламска држава со порака до Балканот

Видеоснимка насловена „Честа е во џихадот, порака до Балканот“, беше објавена од Медиа-центарот „Алхајат“,  пропаганден центар направен за да ги пренесе исламските пораки до публиката од Западот. Видеозаписот, во кој нараторот зборува на англиски, трае повеќе од 22 минути, а се зборува за историјата на Балканот и за муслиманските заедници во Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Албанија и во други држави во...

Обвинителството поднесе жалба на пресудата за убиството на тригодишното девојче во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поднело жалба на пресудата со која Џемаил Браими и неговата невенчана сопруга Јасмина Махмуд во март оваа година, беа осудени на затворска казна од 20 години за убиство со умисла на тригодишното девојче во Скопје, сметајќи дека „изречената казна е недоволна за вакво кривично дело“, соопштуваат од Јавното обвинителство. „Обвинитетите во март минатата година брутално, на смрт...

На Филипини е убиен еден од најбараните терористи

Филипинецот Абдул Басит Усман, кој е наоѓа на американската листа на најбарани терористи, е убиен во судирите со безбедносните сили на југот на Филипините, соопштија бунтовничките сили. Претставник на една од најголемите филипински бунтовнички групации, „Исламски ослободителен фронт Моро“, Газали Џафат, рече дека Усман е убиен во планинскиот дел додека бил заедно со припадници на организацијата. - Можеме да потврдиме дека...

Уапсен осомничениот за убиството во Љуботен

Завчера вечерта, полициски екипи во селото Љуботен го уапсиле Т.Б. (21), осомничен за убиството на Џеваир М. (31), што се случи на 16 април пред џамијата во селото. Кај осомничениот е пронајдена и една автоматска пушка „калашников“, која била користена за убиството.

Прва објавена комуникација за „Монструм“

Пренесуваме транскрипти од разговорите што ги објави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната прес-конференција, а кои сугерираат дека станува збор за комуникација поврзана со случајот „Монструм“. 2 мај 2012 година Абдилаќим Адеми – Ќими Адеми: Уште сте на состанок? Ќ: Да Адеми: Ќими, разговарај со некого таму, нека има повеќе објаснување за јавноста, фактографски зашто вака многу дилеми излегуваат. А? Ќими: Добро. Јас му реков...

Убиството во Љуботен било поради расправија на раскрсница

На синоќешното убиство во скопското село Љуботен, во кое смртно беше застрелан Џеваир Мурати (30), му претходела расправија и тепачка поради сообраќаен прекршок на кружниот тек во населба Бутел, информираат од МВР. Осомничен за убиството е 21-годишниот Т.Б., по кој полицијата сè уште трага. Според информциите на МВР, Мурати, жител на селото Раштански Пат, синоќа околу 22.15 часот бил донесен во Градската...

Џеваил Мурати убиен во Љуботен

Џеваил Мурати е скопјанецот кој вчера беше убиен со автоматска пушка во скопско Љуботен. Тој бил донесен мртов во Градската општа болница во Скопје околу 22.15 часот. Сè уште не се знае како се случило убиството. Од МВР само потврдуваат дека се случило убиство, но повеќе детали најавуваат по комплетирањето на увидот.

Трет тажен Велигден во Смиљковци

Наќевски, Тричковски, Славковски и Ацевски – семејствата на четирите момчиња убиени кај Смиљковско Езеро, денеска го посетија местото каде на најбрутален начин беа ликвидирани  нивните деца, пишува „24 Вести“. Родителите се надеваат дека т.н. бомба на Заев, со кој се сретнале неодамна, ќе ја открие целата вистина за случајот „Монструм“, како и тоа кој го нарачал ликвидирањето на нивните деца. Со свеќи,...

Синот на Мендух Тачи меѓу повредените во престрелката во Тетово

Неофицијално, едно од  повредените лица во пукањето синоќа во Тетово е синот на лидерот на ДПА, Мендух Тачи, дознава „Порталб“. Во инцидентот во кафулето „Баркод“, беше повреден, а на пат кон болница почина 22- годишниот Алтрим А. од тетовското село Порој. Четворица се потешко повредени со рани од куршуми и се наоѓаат во болница. По вербална расправија, сега починатиот Алтрим заминал од...

Поднесено обвинение за убиството што се случи на Детска клиника

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение за кривично дело убиство против момчето што ја задави, па ја фрли од покривот на Клиниката за детски болести својата девојка, медицинска сестра. „Лицето е обвинето бидејќи на 9 јануари 2015 година, околу 19 часот, во кругот на комплексот Клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, во потпокривната просторија на Клиниката за детски болести на седмиот кат, со умисла ја...

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...