fbpx

Трет тажен Велигден во Смиљковци

-

Наќевски, Тричковски, Славковски и Ацевски – семејствата на четирите момчиња убиени кај Смиљковско Езеро, денеска го посетија местото каде на најбрутален начин беа ликвидирани  нивните деца, пишува „24 Вести“. Родителите се надеваат дека т.н. бомба на Заев, со кој се сретнале неодамна, ќе ја открие целата вистина за случајот „Монструм“, како и тоа кој го нарачал ликвидирањето на нивните деца.

Со свеќи, кандило, цвеќе и по некое јајце во чест на Велигден, низ солзи избројаа три години од грозоморниот чин. Разочарани од неекспедитивноста на институциите, побараа да не се одолжуваат судските процедури и целиот процес, конечно, да заврши. Се сомневаат дека високи функционери стојат зад случајот.

Дополнителен сомнеж за вмешаноста на политиката, според семејствата, отвора и запрениот процес за екстрадиција на двајцата осудени Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, кои се во затвор во Косово, за нелегално поседување оружје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...