fbpx

Прва објавена комуникација за „Монструм“

-

Пренесуваме транскрипти од разговорите што ги објави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната прес-конференција, а кои сугерираат дека станува збор за комуникација поврзана со случајот „Монструм“.

2 мај 2012 година

Абдилаќим Адеми – Ќими

Адеми: Уште сте на состанок?

Ќ: Да

Адеми: Ќими, разговарај со некого таму, нека има повеќе објаснување за јавноста, фактографски зашто вака многу дилеми излегуваат. А?

Ќими: Добро. Јас му реков да ги одделат, овие пет кој се обвинети директно за делото, другите немаат врска со делото, впечатокот жените со марами зел учество во организирање на убиството, каде што нема врска, тоа.

Адеми: Има многу дилеми, дури странците искажуваат за многу места дилемите, со можност да се дадат повеќе објаснувања, по можности тие кои немаат врска со делото да се пуштата патао да се држат да нефозволено поседување на оружје. Ова работа да се ограничи на еден број што помал.

6 мај 2012 година

Шефиќ му кажа на Абдилаќим дека се во Косово и во моментот се кај фамилијата Хајрадиновци. Абдилаќим ми кажа кога ќе се ослободи да му се јави малку на Бујар бидејќи сака да го консултира нешто за синоќешниот состанок.

Н.Б. (Невзат Бејта?) – А.А.

Н: Јас само што излегов од џамија. Во центар се собраа едно 30 лица. Организатори се едно семејство од ДПА кои се обидуваат и со нас и со ДПА. Они беа едно 15 години, тоа е семејството Фиданоски. Имаат еден аџија затворен за соработка.

А: Аха

Н: Собрани се неколку од тие со брада. Викаат, се направија едно 150 лица, сега треба да се разотидат. Долу Влада, долу ДУИ, долу НГ и така. Нема некоја организација вака.

А: Долу НБ викаат или не?

Н: Не и „Алаху акбар“. Јас во џамија бев, кај џамијата од која разбрав дека ќе почнат тие, јас отидов кај таа џамија. Ме извадија напред луѓето. Ме прашуваа, затоа им застанав по групи реков не, нема организација, нема ништо, во ред? Тука во Гостивар нема некој проблем.

А: Добро

Н: Во Тетово?

А: Во Тетово не знам, тука по маало шетаат.

Н: Јас ќе дојдам таму, сега уште малку.

А: Добро дојди.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...