fbpx

Убиени чешки туристи во Албанија, полицијата нуди награда за информација

-

За каква било точна информација во врска со сторителите на убиството на двајцата туристи од Чешка, кое беше извршено во регионот на Дукаѓин, албанската полиција нуди 30.000 евра.

Полицијата гарантира целосна анонимност на лицето што ќе ја даде информацијата за убијците, известуваат албанските медиуми.

За грозноморниот чин сè уште нема уапсени, но на информативен разговор се повикани повеќе од 30 лица.

Полицијата постави и итен број за какви било информации во врска со сторителите, 00355694103984.

Прошетката во Албанија за двајцата Чеси, Михаел Сватос (27) и Ана Косинова (36), заврши трагично синоќа, кога на грозоморен начин беа убиени во близина на селото Прекал во реонот на Дукаѓин.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...