fbpx

Хрватската полиција ги уапси браќата Мамиќ

-

Познатите фудбалски работници, браќата Здравко и Зоран Мамиќ се осомничени за неколкумилионско затајување данок во Хрватска, па токму поради тоа ова утро биле уапсени од хрватската полиција откако заедно со фудбалерите на Динамо Загреб се вратиле од подготовките во Словенија, пренесе „Дерби.мк“.

Како што пренесуваат хрватските медиуми, браќата не пружале никаков отпор при приведувањето, а во текот на денешниот ден се очекува да бидат детаљно испрашани од телото за сузбивање на корупција и корумпиран криминал (УСКОК).

За големиот скандал кој го тресе хрватскиот фудбал се огласи со кратко соопштение Динамо Загреб преку својата официјална веб-страница.

„Откако извршниот претседател Здравко Мамиќ и тренерот Зоран Мамиќ од своите адвокати дознаа дека УСКОК побара истражен затвор за нив, тие одлучија да не одлагаат и веднаш да се вратат во Хрватска и да соработуваат со луѓето кои ја водат истрагата. Тие одговорија на многу прашања и докажаа дека се невини“, пишува во соопштението на загрепскиот клуб.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.