fbpx

Две кривични за полицајци кои барале пари од мигранти

-

Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди поднесе кривична пријава против Т.Џ. (41), полициски службеник, поради постоење основи за сомневање  дека ја злоупотребил службена положба и овластување.

Прирјава е поднесена и против Д.Н. (37), полициски службеник од Гевгелија, поради постоење сомнеж дека помагал при злоупотреба на службена положба и овластување.

Имено, Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди, врз основа на претходно сознание за можна инволвираност на полициски службеници од РЦ за ГР „Југ“ и НК за КР Гевгелија во инкриминирани активности околу издавање потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање право на азил, презема активности за докажување и документирање на настанот.

Од извршените проверки констатирано е дека на 01.07.2015 година, по претходен договор со првопријавениот, второпријавениот обезбедил документи издадени од Република Грција на сиријски државјани кои влегле во Македонија и од истите побарал да платат по 15 евра по лице за да им посредува за издавање потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање право на азил.

По ова, второпријавениот документите издадени од Грција ги дал на првопријавениот со цел истиот да изготви потврди за лицата наведени во документите. Откако ќе ги изготвел потврдите, истиот требало да ги предаде на второпријавениот кој за возврат од сириските државјани, ќе добиел по 15 евра од лице.

По преземени мерки од полициски службеници, пријавените биле спречени во натамошните активности и од првопријавениот, одземени се петнаесетте документи издадени од грчките власти за што е известен и консултиран Јавниот обвинител и врз основа на издадена наредба полициските службеници се задржани во ПС од ОН Гевгелија.

По доставената кривична пријава до ОЈО Гевгелија од страна на судија во претходна постапка на полициските службеници им е изготвено Решение со кое им е одредена мерка домашен притвор во времетраење од осум дена.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...