fbpx

Поднесено обвинение за убиството што се случи на Детска клиника

-

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение за кривично дело убиство против момчето што ја задави, па ја фрли од покривот на Клиниката за детски болести својата девојка, медицинска сестра.

„Лицето е обвинето бидејќи на 9 јануари 2015 година, околу 19 часот, во кругот на комплексот Клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, во потпокривната просторија на Клиниката за детски болести на седмиот кат, со умисла ја лишил од живот оштетената, сега покојна. Обвинетиот знаел дека жртвата е бремена. Тој делото го извршил по претходна вербална расправија, по што со употреба на сила ја турнал сега починатата на подот. Жртвата при падот, удирајќи со главата на подот, добила повреда која не била смртоносна. Користејќи ја состојбата во која оштетената, поради повредата, не можела да дава отпор, обвинетиот со едната рака ја фатил за вратот и почнал да ја стега, а со другата рака во исто време и ги затнал носот и устата, давејќи ја сè додека не престанала да покажува знаци на живот. Како резултат на насилното задушување, кај оштетената настапила смрт“, стои во соопштението од Обвинителството.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Посебен сообраќаен режим в недела заради атлетска трка на Средно Водно

Во недела, со почеток во 9 часот, поради атлетска трка на 10 километри, со траса на движење од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до паркингот...