fbpx

Обвинителството поднесе жалба на пресудата за убиството на тригодишното девојче во Скопје

-

Основното јавно обвинителство Скопје поднело жалба на пресудата со која Џемаил Браими и неговата невенчана сопруга Јасмина Махмуд во март оваа година, беа осудени на затворска казна од 20 години за убиство со умисла на тригодишното девојче во Скопје, сметајќи дека „изречената казна е недоволна за вакво кривично дело“, соопштуваат од Јавното обвинителство.

„Обвинитетите во март минатата година брутално, на смрт претепаа тригодишно девојче за кое тврдеа дека паднало по скали. Но, доказите во истражната постапка и извештајот од обдукцијата потврдија дека станува збор за убиство во кое двајцата обвинети се соизвршители, односно учествувале заедно во делото и се обиделе да го прикријат.
Обвинителството, незадоволно од пресудата, поднесе жалба, сметајќи дека изречената казна е недоволна за вакво кривично дело, дотолку повеќе што во случајот доминираат отежнителните околности, бидејќи се посегнува по живот на тригодишно девојче, како и отсуството на покајување на обвинетите во текот на процесот“, стои во соопштението на Обвинителството.

Според надлежниот јавен обвинител, случајот, согледан во целина со сите околности кон него, треба да биде преиспитан од повисок суд.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...