недела, 14 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: ЦУК | 135 резултати

Активни се шест пожари низ државата, ги гаснат авиони и хеликоптери

август 2, 2024

Шест пожари на отворено, кои зафаќаат и шума се активни и денеска, во пет општини низ земјата. Центарот за управување со кризи информира дека во гаснењето учествуваат македонски авион Ер- трактор на Дирекцијата за заштита и спасување, на кој на помош му се стигнати и авиони од Германија и Шведска, како и армиски и полициски […]

Ангелов: Во јули имавме 765 пожари во државата, некои од нив беа многу тешки за гасење

август 1, 2024

Во месец јули имавме 765 пожари на отворено, а меѓу нив имаме и пожари кои се најтешки за гасење од осамостојувањето до денес, изјави денеска директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов. „Денеска имавме 20 пожари на отворено, 5 се изгаснати, 3 се под контрола, а 12 се активни. Во јули имавме 765 […]

Три хеликоптери и ер-трактори ќе го гаснат пожарот во Пехчево

јули 31, 2024

На ниво на држава, состојбата со пожарите е тешка, но не алармантна, изјави утринава директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, по вчерашната загрижувачка ситуација кога имаше 66 пожари на отворен простор. Ангелов информира дека од овие 66 пожари, 55 се изгаснати, под контрола се ставени 3, а активни се 12. Најалармантна е […]

Пет луѓе заглавени во куќа во пожарите во светиниколско село

јули 30, 2024

Пет лица поради пожарите се блокирани во куќа во Стројменци, во близина на Свети Николе и се прават обиди за нивно извлекување, информираше директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, кој додаде дека во моментов се активни 30 пожари на отворено. „Правиме обиди да ги извлечеме луѓето, но поради огнот во селото тоа […]

Гори Источна Македонија, пожарите ја зедоа првата жртва

јули 30, 2024

Пожари вчера попладнето се разгореа во 12 села низ земјава, а огнените стихии ја зедоа и првата жртва. Едно повозрасно лице загина во кумановското село Кокошиње, задушено од чад, во пожарот што го зафати селото. Сопругата на загинатиот е успешно евакуирана, информираше Центарот за управување со кризи (ЦУК). Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов попладнето беше […]

Големо жариште на Серта – делуваат припадници на АРМ, МВР и ДЗС

јули 21, 2024

На територија на државата денес има девет активни шумски пожари и пожари на отворено, а гаснењето на пожарот кај Јасен е отежнато поради непристапниот терен во околината на селата Тажево и Брезница во Општина Македонски Брод, информираат од центарот за управување со кризи (ЦУК). Пожарот на планината Серта повторно е активен. Стојанче Ангелов, директорот на […]

Пожарникари кои го гаснеа пожарот на Серта, спасија куче од огнената стихија

јули 21, 2024

Работат по 12 часови во денот, борејќи се со пожарите кои ја зафатија планината Серта, а притоа успеваат и да направат хумани дела кои уште повеќе ја враќаат довербата кај граѓаните дека сепак постојат луѓе кои се грижат за сето она што природата го создала. Таков е случајот со пожарникарите од ТППЕ Штип, кои успеаја […]

Дождот ја спаси од пожарите куќата што Коле Танев ја изгради во спомен на неговиот син

јули 19, 2024

Дождот го изгасна пожарот на планината Серта во близина на Калањево, селото кое беше најзагрозено поради близината на зафатените места до куќите на жителите. Коле Танев, човекот за кој вчера пишуваше Мета.мк, денеска вели дека душата му е на место, откако нема повеќе опасност дека може куќата да му изгори, a која ја изградил во […]

Рекорден број повици на единствениот повикувачки број за итни случаи

јули 19, 2024

Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК), изминатото деноноќие регистрирал рекорден број на повици од своето постоење, соопштија од ЦУК. На бројот биле упатени вкупно 3.159 повици. Од нив, „реални“ повици биле 59,32 отсто, а 40,68 отсто биле за други потреби на граѓаните, што не биле итни. Кон […]

Серта во пламен: Куќата ја изградив за починатиот син, ако изгори ќе изгубам сè

јули 18, 2024

Мојот син Иле овде дишеше. Го дишеше воздухот на оваа планина. Многу сакаше да поминува време овде, во Калањево, овде тој се чувствуваше најдобро. Имаше само 25 години кога почина од карцином. Ова што го гледате, го градев сам, во негов спомен. Да остане, да се памети и после многу години. И ако ова го […]

Пожарот на Серта разгранет на три страни, во гаснењето се вклучи и армијата

јули 14, 2024

На падините на планината Серта има три активни пожари кои започнаа од еден ист пожар а сега се одвоени, информира Центарот за управување со кризи. Пожарот е сега разгранет во Општина Неготино во атарот на с.Калањево, во Општина Конче – селата Горни и Долни Липовиќ и Општина Штип, помеѓу селата Драгоево и Селце. Од Центарот […]

УХМР: Во Скопје денеска се очекува невреме со дожд, град, грмежи и силен ветар

јуни 27, 2024

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека попладнево западниот дел на Скопје ќе биде зафатен од невреме со пороен дожд, град, силен ветар и грмежи. Оттаму известуваат и дека подрачјето на Велес денеска ќе биде зафатено од невреме. Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), имаат зголемен број пријави за итни случаи на […]

ЦУК: Како да се обештетат граѓаните кои претрпеле штети од невремето

јуни 24, 2024

Во врска со процената и утврдувањето на висината на штетата настаната од природни непогоди и други несреќи во согласност со Закон за заштита и спасување, од Центарот за управување со кризи информираат дека неа ја вршат единиците на локалната самоуправа по единствена Методологија за процена на штети од природни непогоди и други несреќи која ја […]

Последици од невремето: поплавени куќи и подруми, паднати дрва, уништени автомобили

јуни 24, 2024

По вчерашното невреме што ги зафати Скопје, Гостивар и Тетово околу 16.30 часот, од Центарот за управување со кризи (ЦУК), информираа дека на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК биле добиени пријава на настани во врска со поплавени куќи и подруми, заглавени коли под подвозници, поплавени улици, патишта, паднати дрва… „На повеќе […]

ЦУК: 12 пожари на отворено, четири сè уште активни

јуни 23, 2024

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 2 225 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК во последното деноноќие, од коишто „реални“ повици биле 63,96%, а 36,04% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 55,39%, кон Итната медицинска помош 31,13%, кон […]

Со автомобил прегазена мечка на патот Гостивар – Охрид

јуни 19, 2024

Мечка угинала откако изутрина во неа удрило патничко возило на патот Гостивар – Охрид. Во патничкото возило нема повредени, а мечката угинала на лице место, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Настанот се случил на патниот правец Гостивар-Охрид, кај вториот каменолом. На местото на несреќата присутни се полициски службеници од ПС Гостивар и […]

ЦУК: Не е работа на пожарникарите да ги отстрануваат змиите, услугата се наплатува

јуни 19, 2024

Од Центарот за управување со кризи велат дека во последно време често добиваат повици од населени места со барање за отстранување на змии. „За жал, не постои специјализирана служба, а тоа не е работа на пожарникарите“, велат од ЦУК и посочуваат дека имаат контакти од лица кои отстрануваат змии, но услугата се наплаќа. „Нема специјализирана […]

Девет пожари на отворено имало во изминатото деноноќие

јуни 11, 2024

Девет пожари на отворено се регистрирани во последното деноноќие, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Пожарникарите гаселе пожари во Ѓорче Петров, Сарај и Гази Баба (заради запалено ѓубре), во Радовиш, Штип,  Желино, Тетово, Маврово, како и во општина Демир Хисар. „Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 2.111 повици на единствениот […]

Шест пожари на отворено во изминатото деноноќие

јуни 9, 2024

Шест пожари на отворено се регистрирани низ државава изминатото деноноќие, соопштуваат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Во општина Ѓорче Петров гореле ниска вегетација и депонија. Ниска вегетација горела и во село Миладиновци, општина Илинден, потоа во регионот на прилепските нови гробишта, како и на територија на кавадаречката населба Глишиќ. Останатите два се евидентирани […]

Спасени со чамец четирите лица кои залутале по клисурата на Пчиња

мај 26, 2024

Центарот за управување со кризи соопшти дека четирите лица кои залутале по клисурата на реката Пчиња се лоцирани и спасени. Станува збор за две жени, маж и дете (возраст 29, 18, 35, 7 години), кои денес во 2 часот по полноќ биле пронајдени во клисурата откако спасувачка екипа од Велес тргна по нив со чамец. […]

Страна 3 од 7