fbpx

Дупка длабока триесетина метри ги демне минувачите на кејот на Вардар во Аеродром

-

Дупка длабока триесетина метри ги демне минувачите на кејот на Вардар во Аеродром зад хотелот Русија во насока на мостот Близнак. Просторот, иако има речиси вертикален пад во должина од педесетина метри покрај работ на горната пешачка патека и претставува голема опасност за пешачите, велосипедистите и лицата кои со електрични тротинети се движат на овој потег, особено ноќно време кога видливоста е значително намалена, не е ограден. Порано на ова место постоела лимена ограда, но истата веќе подолго време е отстранета.

Од Центарот за управување со кризи денеска информират дека за опасноста веќе е алармирано во јуни годинава, откако минувачи пријавиле дека потегот е опасен за движење и било побарано заградување до Градот Скопје и Општината Аеродром. Градските власти поставиле знаци за забрането движење и заштитна лента со укажување дека во наредниот период ќе се постави и лимена заштитна ограда, но лентата веќе ја нема, а знаците се искршени.

„Апелираме до Градот Скопје и Општината Аеродром, во согласност со нивните надлежности, итно да постават соодветна заштитна ограда која ќе ја гарантира безбедноста на граѓаните, особено сега кога рано се стемнува и има слаба видливост“, велат во ЦУК.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...