fbpx

Реките со висок водостој, дождовите продолжуваат и денеска

-

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека во текот на изминатото деноноќие најмногу дожд наврнало во Прилеп и Пожар, по 21 литар на квадратен метар, потоа 15 литри во Демир Капија, седум во Берово, пет во Претор, по четири во Тополчани и Струмица, по три литри во Битола, Охрид и Пожаране, два во Крива Паланка, Виница и Маврови Анови и еден литар на квадратен метар во Ѓуриште.

Од УХМР велат дека поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

Обилните дождови предизвикаа зголемување на водостојот на реките, а на повеќе локации и излевање од коритата. Според информациите од Ценарот за управување со кризи како последица од обилните дождови оштетено е коритото на „Дабнички канал“ во Прилеп до работ со асфалтот од улицата, што претставува опасност за минувачите и возилата. Вардар се излеа во селото Раотинце, Општина Јегуновце, а нивото на водата е високо и не е променето од вчера. Од ЦУК велат дека поради слаби локални врнежи во сливното подрачје на Кочанска река нејзиното ниво е зголемено и во атарот на Облешево, а реката е излеана во земјоделска површина. Како псоледица од обилните дождови се излеаја и реки во Кавадаречко, а во градот водата за пиење е заматена.

Од УХМР за денеска прогнозираат претежно облачно време со повремен слаб дожд, а во југоисточните делови ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи.

Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 26 степени. Во Скопје претпладне облачно со повремен слаб дожд, попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 23 степени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...