fbpx
Таг: царинска управа

таг: царинска управа

Увозот на половни возила лани бил намален, расте интересот за купување нови автомобили [инфографик]

По долги години, во Македонија лани драстично опаднал бројот на увезени половни автомобили од странство, за сметка на зголемениот број на увезени нови автомобили. Податоците на Царинската управа на РСМ за 2022 година покажуваат дека лани во земјава биле увезени 24.944 автомобили, заклучно со ноември 2022 година, при што 18.042 од колите се внесени во земјава како стари, додека...

Избеганиот Драган Даравелски приведен на „Табановце“

Одамна избеганиот поранешен прв човек на Царинската управа, Драган Даравелски, денеска бил приведен на граничниот премин „Табановце“, потврдија за Мета.мк од Министерството за внатрешни работи (МВР). Против Даравелски, кој беше осуден за злоупотреба на службената положба во Царината во периодот од 1999 до 2002 година за штети од над 2 милиони евра, има судска пресуда за затвор. Му се судеше...

Скопјанец се обидел во Грција да прошверцува 12 кила злато, 262 илјади долари и 154 илјади евра

На граничниот премин „Богородица“, Скопјанец се обидел во Грција да изнесе безмалку 12 килограми злато, девизи во вредност од 262.000 долари и 154.000 евра, соопшти Основното јавно обвинителство. Обвинителството, постапувајќи по кривична пријава од Царинска управа, донело наредба за спроведување истражна постапка против лицето од Скопје, за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Криумчарење од член...

„Порталб“ анализа: Колкави ќе бидат платите в година во агенции, регулатори, државни комисии?

На некои од агенциите, регулаторните тела, државните комисии в година ќе им се зголемат буџетите за исплата на плати, а на некои, пак, ќе се намалат. „Порталб“ во две продолженија ќе објави споредбена анализа за висината на бруто платата по вработен в година, во однос на годинава. Во некои институции пад, во други раст на платата Во Оперативно техничката агенција (ОТА),...

Кризата го намали увозот на возила годинава, сè уште нема забрана за увоз на коли со ЕУРО 4 мотори

Енергетската криза со значителните поскапувања на нафтените деривати годинава доведе до намалување на увозот на возила од странство поради намалениот интерес за набавка на возила од граѓаните. Во Македонија во првите шест месеци од годинава биле увезени 10.666 половни автомобили, камиони и автобуси, додека 3.272 од возилата биле увезени како нови. Податоците на Царинската управа на РСМ говорат за забележително...

Над 40.000 возила биле увезени лани во земјава, над 85 отсто од автомобилите се половни [инфографик]

Бројот на увезени возила од земјава лани драстично се зголемил. Податоците на Царинската управа на РСМ покажуваат дека од јануари до ноември 2021 година во земјава биле увезени вкупно 40.326 возила, вклучувајќи автомобили, автобуси, минибуси и товарни моторни возила. Севкупните информации за целата измината година не се објавени, но постојните бројки покажуваат дека бројот на увезени возила лани е...

Двајца цариници ќе бидат суспендирани од работа, а нивниот раководител санкциониран

Двајцата цариници кои биле на смена кога кобниот автобус на „Беса транс“ излегол од државата ќе бидат суспендирани од работа бидејќи излезот на возилото не го евидентирале електроснки. Нивниот раководител ќе биде санкциониран. Ова сноншти го најавија преку соопштение од кабинетот на директорот на Царината. „Првичните наоди од внатрешната контрола покажуваат дека на 18.11.2021 година, од страна на царинските службеници електронски...

Царина истражува како автобусот на „Беса транс“ без извод од лиценца го минал преминот „Деве Баир“

Царинската управа на РСМ од рано утрово започнала контрола за тоа како автобусот што учествуваше во несреќата на автопатот „Струма“ во Бугарија успеал да го мине граничниот премин „Деве Баир“. Детали за контролата нема, но од Царина велат дека за наодите од контролата јавноста навремено ќе биде информирана. „Од рано утрово Секторот за професионална одговорност на Царинска управа е на...

Цените на половните возила во земјава растат поради недостатокот на чипови и полуспроводници

Недостатокот на компјутерски чипови и полуспроводници во меѓународни рамки доведе до проблеми во автомобилскиот сектор на глобалноо ниво. Проблеми кои што веќе почнуваат да се чувствуваат и во земјава. Најавите дека недостатокот на чипови ќе потрае до втората половина од 2022 година, доведе до тоа во Велика Британија продажбата на возила во септември да опадне за 34,4 отсто, односно...

МВР и Царинската управа запленија 860 килограми режан тутун од скопските пазари

Одделението за истраги - Сектор за контрола и истраги при Царинската управа на Република Северна Македонија, Одделот за криминалистичка полиција при МВР и Пазарната инспекција, спроведоа заедничка акција против нелегална продажба на  режан тутун низ пазарите на територија на град Скопје. Предмет на акцијата беше  контрола и заплена на производи кои нелегално се продаваат и коишто претставуваат акцизни добра. Во акцијата...

Царината на „Деве Баир“ привремено одзеде 100.000 швајцарски франци најдени кај шофер на автобус

При контрола на автобус пријавен за излез од земјава на граничниот премин „Деве Баир“, царински инспектори од Одделението за оперативни работи привремено задржаа 100.000 швајцарски франци од шофер на автобус, информираат од Царинската управа на РСМ. „На ГП Деве Баир за излез се пријавил автобус со македонски регистарски ознаки GV7396АD на превозникот Експрес Туризам од Гостивар, управувано од лицето Х.О...

Повеќе од двојно зголемен увозот на половни возила во првото полугодие од годинава [инфографик]

Увозот на половни возила од странство не само што не се намалува, туку во првото полугодие од годинава е забележано повеќе од двојно зголемување на бројот на внесени стари возила во Македонија. Според податоците на Царинската управа на РСМ, импортерите на стари возила успеале да внесат 20.505 половни возила во периодот јануари-јуни 2021 година, додека како нови неупотребувани возила...

Во борбата против корупцијата значајна е улогата на Царинската управа

Љупчо Николовски-Горан Сугарески
Во борбата против корупцијата и организираниот криминал активно се вклучени сите антикорупциски надлежни институции, меѓу кои е особено важна улогата на Царинската управа, но и меѓуинституционалната координација и размената на информации. Ова беше посочено на работна средба на граничниот премин Табановце, меѓу вицепремиерот Љупчо Николовски, директорот на Царинската управа Горан Сугарески и Вирџинија Абајо-Маркез, раководителка на канцеларијата на ОН за...

За аерозагадување секој зборува, електрични возила ретко кој користи [мултимедија]

Користењето на автомобили во Македонија постојано расте, за сметка на опаѓањето на интересот на патување со јавен превоз во градските средини, како и опаѓачкиот број на патници во меѓуградските возови и автобуси. Стапката на моторизација на населението во 2019 година достигна 205,2 патнички автомобили на 1.000 жители, иако веќе цела деценија наназад над 80 отсто од она што македонските...

Царина и Пошта најавија поврзување во еден систем за дигитализација на постапките

Јани Макрадули-Горан Сугаревски, фото : Царинска Управа
Поштенскиот сообраќај има важна улога во царинското работење, бидејќи покрај пратките со писма, се врши праќање и на пакети кои се царинска стока. Оттаму е значајно зајакнувањето на соработката и активностите на АД „Пошта“ и Царинската управа на РСМ. На оваа тема разговараа не денешната средба директорот на Царинската управа, Горан Сугаревски и на А.Д. „Пошта“, Јани Макрадули, при...

Властите го сметаат за непотребен царинскиот терминал на преминот Блато меѓу Македонија и Албанија

Недостаток на царински терминал на граничниот премин Блато меѓу Албанија и Северна Македонија, ги принудува граѓаните на Дебар да минуваат речиси 100 километри за царинење на стоката. Додека бизнисмените со години инсистираат на тоа дека царинскиот терминал е од витално значење за слободна трговија, за нивниот развој и за економскиот развој на целиот регион, Царинската управа проценува дека царинскиот...

Крајна дестинација за старите машини: Лани увезени 29.052 автомобили, над 80 отсто од нив половни [инфографик]

Ниту корона кризата, ниту аерозагадувањето во градовите, ниту новиот данок на половни возила не успеаја да направат промени кај увозот на автомобили во Македонија. Како и во изминатите години, и во 2020 година над 80 отсто од увезените автомобили биле половни, кои претходно биле набавени на старо од европските земји. А токму развиените земји, од година во година воведуваат...

Полицијата за два месеца изрекла 527 казни за техничка неисправност на возила за превоз на патници [инфографик]

Министерството за внатрешни работи (МВР) само во текот на септември и октомври годинава изрекло 527 глоби поради техничка неисправност на возилата со кои се врши превоз на патници, информираат за „Мета.мк“ од МВР. Во двата месеца биле спроведени контроли над возилата со кои се врши јавен превоз на патници (автобуси, такси возила, комбиња) во меѓуопштинскиот и во градско-приградскиот превоз...

Увозот на половни возила опаднал за 42 отсто, Царината вели ќе се намали аерозагадувањето

Царинската управа на РСМ информира дека увозот на употребувани моторни возила во државата во првите 9 месеци е значително намален. Ако лани во овој период биле увезени над 26.000 половни патнички возила, во периодот на оваа година се увезени околу 11.000 возила, што претставува намалување од 42 отсто. „Падот на увозот на половни возила во најголем дел е резултат од...

Автобускиот превоз сардисан од проблеми, корона кризата дојде како капак на сè [мултимедија]

Празна чекална со по некој граѓанин што набрзина ќе го купи својот автобуски билет на билетарата и веднаш ќе се упати кон пероните. Ваква е сликата на главната автобуска станица во Скопје. Ги нема вообичаените гужви на патници, а поради празните перони граѓаните речиси е невозможно да го промашат автобусот за патување кон својата дестинација. Службените лица на влезот...

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...