fbpx

Избеганиот Драган Даравелски приведен на „Табановце“

-

Одамна избеганиот поранешен прв човек на Царинската управа, Драган Даравелски, денеска бил приведен на граничниот премин „Табановце“, потврдија за Мета.мк од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Против Даравелски, кој беше осуден за злоупотреба на службената положба во Царината во периодот од 1999 до 2002 година за штети од над 2 милиони евра, има судска пресуда за затвор. Му се судеше во отсуство.

Засега не е познато дали допатувал на граничниот премин со сопственииот идентитет или бил со лажен идентитет.

Тој набргу по истекувањето на мандатот и првите јасно соопштени сомнежи за злоупотреби избега во Србија, но досега не беше достапен за органите на прогонот во Македонија, ниту пак беше испорачан на земјава и покрај барањата за екстрадиција.

Последната екстрадиција од Србија била барана во јуни 2020 и досега нема одговор на барањето. Претходно, била побарана екстрадиција на Даравлески во 2004, 2013 и 2016 година.

Драган Даравелски беше директор на Царинската управа кво периодот 1999 до 2002 година. Против него беше распишана и потерница од Интерпол. Тој е еден од функционерите во времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ на чело со премиерот Љубчо Георгиевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Мерките што важеа во ковид пандемијата злоупотребени за антикампања на Филипче

Во објавата што ја рецензираме се пропушта контекстот и за глобалната пандемија, која имаше влијание врз целиот свет во поглед на економијата и бизнисот, а и неосновано се обвинува...