fbpx
Таг: статистика

таг: статистика

Се зголемува бројот на шверцери на мигранти поради бегалската криза

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција почнало истражна постапка против 26-годишен македонски државјанин за криумчарење мигранти, соопшти денеска Јавното обвинителство. Осомничениот на 3 март годинава превезувал 13 мигранти, меѓу кои и две деца, кои ги зел кај казиното „Принцес“ во Гевгелија. Деветмина од мигрантите, кои илегално влегле на територијата на Македонија, биле вратени во Грција, додека другите биле...

Просечната плата во декември изнесувала 22.715 денари

Просечната нето-плата, во декември 2015 година, изнесувала 22.715 денари, а бруто-платата истиот месец изнесувала 33.299 денари, покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика. Во декември 2015 година се забележува зголемување на платата од 1,4 отсто во споредба со истиот месец од 2014 година. Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата во секторите административни и помошни услужни дејности (11 проценти), уметност, забава...

Според пописот на Илија Димовски, Македонија има 2,4 милиони државјани

Македонија има 2,4 милиони жители, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, во колумна за „Дневник“ насловена „Факти за Mакедонците од Пустец“. Тој својата теза ја поткрепува со податокот дека избирачкиот список се подготвува врз база на регистарот на државјани на Република Македонија, кој го води Министерството за внатрешни работи (МВР), а во него бројот на државјани на нашата држава...

Минималната потрошувачка кошничка за ноември изнесувала 32.279 денари

Вредноста на синдикалната минимална кошничка за ноември 2015 година изнесувала 32.279 денари, објави Сојузот на синдикати на Македонија Според пресметките, 42,56 проценти, односно 13.414 денари се за исхрана и за пијалоци, 32,29 проценти (10.422 денари) за домување, 6,88 проценти (2.220 денари) за хигиена, 7,25 проценти (2.339 денари) за превоз, 6,58 проценти (2.124 денари) за обувки, 3,31 процент (1.070 денари) за култура,...

Извозот во првите девет месеци намален за околу 390 милиони евра во однос на лани

Вкупната вредност на извозот на стоки, во периодот јануари-септември 2015 година, изнесува 3.299.342.000 долари и во однос на истиот период лани има намалување за 394.912.000 долари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Вкупната вредност на увозот на стоки во Македонија, во периодот јануари-септември 2015 година, изнесува 4.647.266.000 долари и во однос на истиот период од минатата година има намалување...

48 магистри и еден доктор на науки на списокот на невработени во Охрид

Според официјалната статистика, Охрид е на врвот на листата според иселувањето, а главната причина е невработеноста, која годишно се зголемува за близу 500 нови баратели на работа. Во Охрид, за вбработување чекаат 763 лица со факултетска диплома, а меѓу нив се и 48 магистри и еден доктор на науки. Во Агенцијата за вработување, заклучно со август 2015 година, евидентирани се вкупно 4.583 лица...

Спасена девојка што сакала да се самоубие во тетовско Џепчиште

Шестнаесетгодишна девојка од тетовското село Џепчиште, синоќа сакала да си го одземе животот, со скокање од покривот од нејзината куќа. Девојката се качила на балконот од потпокривот на куќата во која живеела со намера да скокне оттаму. Нејзиниот татко веднаш реагирал и случајот го пријавил во полиција, која за кусо време пристигнала на местото, заедно со медицински персонал и со противпожарна...

ДЗС: Намален бројот на починати од насилна смрт за 10,7 отсто

Бројот на починати лица од насилна смрт во 2014 година е намален за 10,7 осто во споредба со претходната година и изнесува 493 лица, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). Според податоците, умрените од насилна смрт во вкупниот морталитет учествуваат со 2,5 отсто. „Во структурата на умрените од насилна смрт според полот, и во 2014 година, како и во...

Бројот на туристи во март намален во однос на истиот период лани

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во март 2015 година изнесува 36.160, а бројот на ноќевањата изнесува 75.150. Бројот на туристите во март 2015 година, во однос на март 2014 година, е намален за 0,4 проценти, а бројот на ноќевањата е намален за 4,5 проценти. Бројот на домашните туристи во март 2015 година, во однос на март...

Угостителските услуги поскапи во април

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во април 2015 година, во споредба со март 2015 година, е зголемен за 0,1 отсто. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата ноќевања за 0,3 отсто. Индексот на цените на угостителските услуги во април 2015 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за...

Лани имало двојно повеќе случаи на шверц на мигранти од 2013 година

Минатата година полицијата открила 92 случаи на криумчарење мигранти, двојно повеќе во споредба со 2013 година, а кривични пријави биле поднесени против вкупно 166 лица, покажува статистиката на МВР. Според евиденцијата на МВР, лани 1.750 лица илегално ја минале државната граница, во споредба со 1.132 лица во 2013 година. Од нив најмногу биле од Албанија (624), потоа од Сирија (570), од...

Во Македонија има повеќе од 70.000 фирми

Државниот завод за статистика денеска објави дека минатата година имало 70.659 активни деловни субјекти во Македонија. Најголемо учество во оваа бројка имаат секторите трговија на големо и трговија на мало и поправка на моторни возила и мотоцикли, со 24.674 субјекти или 34,9 проценти, и преработувачката индустрија со 7.675 субјекти или 10,9 проценти. Најмала застапеност, пак, е регистрирана во секторите рударство...

Вработувањето во секторот за капитални производи зголемено за 100 проценти

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во декември 2014 година, во однос на декември 2013 година, изнесува 107,9. Бројот на работниците во секторот рударство и вадење камен во декември 2014 година, во однос на декември 2013 година, бележи опаѓање од 3,5 проценти, во секторот преработувачка индустрија бележи пораст од 9,6 отсто и во секторот снабдување со електрична енергија,...

Просечната плата изнесува 21.588 денари

Во ноември 2014 година, просечната исплатена нето-плата по работник изнесувала 21.588 денари. Таа е зголемена за 2,5 проценти во однос на ноември 2013 година, објави Државниот завод за статистика. Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна бруто-плата по вработен, во ноември 2014 година, изнесувала 31.644 денари и бележи зголемување од 2,4 отсто во однос на ноември 2013 година. Во...

Благица Новковска не е повеќе директорка на ДЗС

Благица Новковска е сменета од функцијата директорка на Државниот завод за статистика, а на нејзино место е назначена Лидија Костовска, која ја извршуваше функцијата директорка на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, пренесе „Е-магазин“. Новковска е доктор на науки, важи за еден од најдобрите експерти од областа на статистиката во земјава и порано беше директорка на оваа институција. Во последниот...

Потребна е регионална соработка во борбата против трговијата со луѓе

Целокупната енергија и напор вложени во борбата против трговијата со луѓе, овозможија значително зајакнување на капацитетите и поголема успешност во борбата против ова зло, е дел од заклучоците на регионалната работилница насловена „Регионална соработка за поефикасен одговор во борбата против трговија со луѓе“, што се одржа во Охрид. Во изминатите 11 месеци, до Основното јавно обвинителство за организиран криминал и...

Ставрески: 2014 година на економски план е успешна

На економски план, 2014 година е успешна, а тоа го потврдуваат последните објавени статистички податоци, кои бележат намалување на невработеноста и пораст на македонската економија, изјави денеска вицепремиерот на Владата и министер за финансии, Зоран Ставрески, пренесуваат медиумите. - Невработеноста е намалена на историски најниско ниво од 27,9 отсто, а македонскиот БДП расте со стапка од 4,1 отсто што е меѓу трите...

Зголемен бројот на туристи во Македонија

За 5,2 отсто повеќе туристи ја посетиле Македонија во првите десет месеци од годинава и оствариле за 2 процента поголем број на ноќевања во однос на истиот период лани. Бројот на домашни туристи е зголемен за 3 отсто, а на странските за 6,9 проценти. Според податоците на Државниот завод за статистика, во земјава во октомври годинава вкупно престојувале 62.079 туристи, кои...

Драстично се зголемува бројот на превезените патници и стоки

Товарниот воздухопловен превоз во 2014 година е за 96,4 отсто зголемен во споредба со истиот период минатата година, соопшти Државниот завод за статистика. Според статистичките податоци за истиот период, во споредба со третото тримесечје од 2013 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 13,2 отсто, а во железничкиот превоз за 21,3 проценти. Во третото тримесечје од 2014...

Зголемен бројот на склучени бракови и на раѓања

За еден процент е зголемен бројот на живородени деца во третиот квартал од годинава, во споредба со истиот период лани, објави Државниот завод за статистика. То број сега изнесува 6.377 живородени деца. Во третото тримесечје од годинава имало 4.555 умрени лица, што споредено со истиот квартал од минатата година, претставува намалување за 0,7 проценти, а од вкупниот број умрени, 71 се...

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...