fbpx

48 магистри и еден доктор на науки на списокот на невработени во Охрид

-

Според официјалната статистика, Охрид е на врвот на листата според иселувањето, а главната причина е невработеноста, која годишно се зголемува за близу 500 нови баратели на работа.

Во Охрид, за вбработување чекаат 763 лица со факултетска диплома, а меѓу нив се и 48 магистри и еден доктор на науки.

Во Агенцијата за вработување, заклучно со август 2015 година, евидентирани се вкупно 4.583 лица кои активно бараат работа во Охрид. Тоа е за 425 лица повеќе во однос на претходната година.

На работа чекаат и 163 лица со виша школа и 1.321 лице со средна стручна спрема. Со нецелосно средно образование работа немаат 1.006 охриѓани, а невработените со основно образование партиципираат со бројка од 1.281 лице.

Половината невработени се со навршени 40 години, односно 2.712 лица. На возраст од 30 до 40 години запишани се 904 невработени лица, а преку Центарот за вработување во Охрид вработување очекуваат и 962 лица помлади од 30 години.

Според половата распределеност, во вкупната бројка на невработени охриѓани, доминираат мажите со 2.513 невработени или 443 повеќе од жените, кои во евиденцијата на невработени партиципираат со 2.070 лица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...