fbpx

Вработувањето во секторот за капитални производи зголемено за 100 проценти

-

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во
декември 2014 година, во однос на декември 2013 година, изнесува 107,9.

Бројот на работниците во секторот рударство и вадење камен во декември 2014 година, во однос на
декември 2013 година, бележи опаѓање од 3,5 проценти, во секторот преработувачка индустрија бележи пораст од 9,6 отсто и во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и со климатизација опаѓање од 1 процент.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во декември 2014 година, во однос на декември 2013 година, бележи пораст кај интермедијарни производи, освен енергија за 4,7 проценти, капитални производи за 113,6 отсто, трајни производи за широка потрошувачка за 4,9 проценти и кај нетрајни производи за широка  потрошувачка за 1 процент, додека опаѓање бележи кај енергија за 4,5 отсто.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...