fbpx

Се зголемува бројот на шверцери на мигранти поради бегалската криза

-

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција почнало истражна постапка против 26-годишен македонски државјанин за криумчарење мигранти, соопшти денеска Јавното обвинителство.

Осомничениот на 3 март годинава превезувал 13 мигранти, меѓу кои и две деца, кои ги зел кај казиното „Принцес“ во Гевгелија.

Деветмина од мигрантите, кои илегално влегле на територијата на Македонија, биле вратени во Грција, додека другите биле задржани како сведоци.

Од ОЈО за организиран криминал и корупција, кое е надлежно за гонење на сторителите на ова кривично дело, информираат дека во изминатиот период, поради бегалската криза, е зголемен е бројот на шверцери на мигранти.

Според обвинителството, само во периодот од 1 јануари до 7 март годинава за криумчарење мигранти имало 30 кривични пријави. Во овие случаи, според Обвинителството, биле откриени вкупно 210 илегални мигранти, од кои 16 биле малолетни.

Минатата година, до ОЈО за организиран криминал и за корупција, биле поднесени кривични пријави за криумчарење мигранти против 166 лица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.