fbpx

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ Брвеница: Нема фантомски гласачи во Брвеница

-

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ од Општина Брвеница денеска на прес-конференција негира дека во нивната општина постојат фантомски гласачи како што објавија одредени медиуми, односно дека на една адреса на улицата Браќа Стефановиќ б.б. биле регистрирани 127 гласачи.

Според кординаторот на советничката група, Јовица Илиевски, на улицата Браќа Стефановиќ во последниве петнаесетина години биле припоени новоизградени пет локални улички, каде се изградени голем број домови, а кои не биле нумерирани од локалната власт, па затоа се водат на иста адреса.

– Општина Брвеница, која е должна да спроведе постапка за нумерирање на куќите, веќе 20 години од своето постоење нема спроведено ваква постапка. Затоа на жителите од овие новоформирани улици им издава потврда со адреса на живеење на улица Браќа Стефановиќ б.б., а исто е и со другите населени места во општината каде не се нумерирани станбените објекти. Што се однесува до тоа дека тие гласаат на три избирачки места, тоа е нормално бидејќи во Брвеница има три избирачки места и овие жители не се сите Аврамоски или Апостолоски, па да гласаат во едно избирачко место, туку уредно си гласаат во едно од трите избирачки места зависно од почетната буква на нивното презиме – изјави Јовица Илиески, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Брвеница.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...