сабота, 9 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: криумчарење мигранти | 14 резултати

ГИ ТОЦ: Скопскиот и белградскиот аеродром „центри за нелегални активности“

мај 17, 2023

Балканските аеродроми се ранливи на организиран криминал, а аеродромите во Скопје и Белград се регионални центри за недозволени активности, се вели во извештајот на Глобалната иницијатива против транснационалниот организиран криминал (ГИ-ТОЦ). Оваа невладина организација со седиште во Женева, меѓу криминалните активности на аеродромите во Скопје и Белград, ги наведува и криумчарењето мигранти и стоки, трговијата […]

Свечено одбележана заедничката операција на ФРОНТЕКС во С. Македонија

април 20, 2023

Речиси целиот државен врв присуствуваше на денешното свечено одбележување на почетокот на „Заедничката операција на ФРОНТЕКС во Република Северна Македонија“, како дел од Договорот за оперативни активности спроведени од Aгенцијата за европска гранична и крајбрежна стража ФРОНТЕКС. Премиерот Димитар Ковачевски имаше воведно обраќање, а домаќини на настанот во полицискиот тренинг центар во Ѓорче Петров, Скопје […]

Откриени шест мигранти по сообраќајка во Струмица, обвинителството отвори истрага

февруари 21, 2017

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција истражува случај на шверц на мигранти, што бил откриен вчера, по сообраќајна несреќа што се случила во Струмица. Како што информираат од обвинителството, македонски државјанин, управувајќи патничко возило, изгубил контрола и удрил во столб од уличното осветлување во Струмица. При вршење на увидот од страна на […]

Обвинителството и МВР утринава ја спроведуваат акцијата „Којот“

јули 20, 2016

Основното јавно обвинителство за гонење организиран кримининал и корупција заедно со екипи на Министерството за внатрешни работи, од одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал, утрово спроведува голема акција, под кодно име „Којот“. Во акцијата, како што информираат од Обвинителството, се гони организирана криминална група, чии членови се товарат за подготвување и за извршување на […]

Полицајци спречиле шверц на осуммина мигранти кај Василево, Струмичко

април 1, 2016

Синоќа, околу 20.30 часот полициски службеници спречиле обид за криумчарење на мигранти кај селото Василево. Како што информираат од МВР, полицајците во возило, марка „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, пронашле осум мигранти, од кои шестмина биле со потекло од Пакистан и двајца од Ирак, односно од Либија. Возачот успеал да побегне и полицијата презема мерки […]

Пресретнат шверцерски брод, спасени 2.000 бегалци

март 16, 2016

Две лица се пронајдени мртви, а речиси 2.000 се спасени од рацете на криумчари кога италијанската крајбрежна стража пресретна шверцерски брод од Сирија. Крајбрежната служба потврди дека спасувачката акција сè уште е во тек. Во Европа по овој пат од почетокот на 2014 година стигнале речиси 330.000 луѓе. Пред најновото спасување, УНХЦР пријави 9.500 пристигнати во […]

Се зголемува бројот на шверцери на мигранти поради бегалската криза

март 7, 2016

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција почнало истражна постапка против 26-годишен македонски државјанин за криумчарење мигранти, соопшти денеска Јавното обвинителство. Осомничениот на 3 март годинава превезувал 13 мигранти, меѓу кои и две деца, кои ги зел кај казиното „Принцес“ во Гевгелија. Деветмина од мигрантите, кои илегално влегле на територијата на Македонија, биле […]

Српски државјанин низ Македонија шверцувал мигранти од Пакистан и од Иран

февруари 23, 2016

Регионалниот центар за гранични работи Југ поднел кривична пријава против 36-годишниот српски државјанин Н.Х., во чие возило полицијата вчера открила 33 илегални мигранти од Пакистан и од Иран, информира МВР. Според пријавата, српскиот државјанин се товари за криумчарење мигранти. Тој вчера, околу 18.45 часот, бил предаден во истражниот затвор „Скопје“, откако судија на претходна постапка […]

За два дена откриени девет илегални мигранти во Кумановско

февруари 19, 2016

Синоќа, околу 23 часот, полициска екипа при контрола на возило во близина на наплатната станица Романовце, открила пет илегални мигранти со потекло од Пакистан. Како што информираат од МВР, возилото, марка „бмв“, во кое биле мигрантите, го управувал 50-годишен српски државјанин. Според полициските информации, еден ден претходно, при претрес на куќа на жител на кумановското […]

Жител на Никуштак осомничен за шверц на петмина мигранти

јануари 15, 2016

Регионалниот центар за гранични работи Југ поднел кривична пријава против 23-годишниот Л.С. од селото Никуштак, кој се товари за криумчарење мигранти, информира МВР. Според МВР, вчера околу 6.50 часот, на регионалниот пат Дојран – Струмица, во близина на бензинска пумпа, полициска екипа запрела автомобил, марка „фолксваген пасат“, што го управувал осомничениот, а во кој биле […]

Страна 1 од 1