fbpx

Еден загинат при судир на тенк и на автомобил во Норвешка

-

Едно лице загина во судир на тенк и на автомобил на селски пат во централниот дел на Норвешка, за време на големите воени вежби на НАТО, соопштија норвешката полиција и војската.

Несреќата се случила во северниот дел на округот Тренделаг, каде во моментов се одвива воена вежба на НАТО и на земјите партнери, во која учествуваат 15.000 војници.

Полковник на норвешката војска, Александер Јанков, изјави дека тенкот што учествувал во несреќата ѝ припаѓа на норвешката војска.

Јанков додал дека во несреќата не е повреден ниту еден војник, како и оти во тек е истрага што ја водат цивилната и воената полиција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...