fbpx

Потребна е регионална соработка во борбата против трговијата со луѓе

-

Целокупната енергија и напор вложени во борбата против трговијата со луѓе, овозможија значително зајакнување на капацитетите и поголема успешност во борбата против ова зло, е дел од заклучоците на регионалната работилница насловена „Регионална соработка за поефикасен одговор во борбата против трговија со луѓе“, што се одржа во Охрид.

Во изминатите 11 месеци, до Основното јавно обвинителство за организиран криминал и за корупција, поднесени се три кривични пријави за трговија со луѓе и за трговија со дете и се пријавени четири сторители, од кои едно лице е од женски пол, информираше Анастасија Илиеска, државен секретар во МВР.

Од страна на институциите, идентификувани се осум жртви на трговија со луѓе, од кои шест лица се малолетни, а две полнолетни, од кои едно лице е од машки пол. Седуммина се македонски државјани, а една од жртвите е од странство, која добила дозвола за привремен престој во нашата земја.

Најзастапен мотив за трговија со луѓе продолжува да биде сексуалната експлоатација, присилните бракови и трудовата експлоатација. Од вкупно осум жртви, пет се екплоатирани во скопскиот, една во пелагонискиот регион, додека две македонски државјанки се експлоатирани во странство, односно во Словенија и во Италија. Во Центарот за жртви на трговија со луѓе сместени се шест лица, каде имаат добиено првична помош и заштита.

Проблемот со трговијата со луѓе, државите не може да го решат самостојно и затоа е потребен регионален пристап во справувањето со оваа општествена појава, која зема сè поголем замав во различни форми. Сиромаштијата и борбата за егзистенција се основните причини за појавата на овој вид криминалитет.

– Многу лесно може да бидат навлечени во зоната на криминално однесување. Особено во сферата на злоупотребата на работната миграција. Сведоци сме на една криза која постои во регионот и токму од таа причина многу лесно се навлекуваат луѓето, барајќи егзистенција и многу лесно стануваат жртви на овој вид криминалитет – смета Трпе Стојаноски, директор на регионалната МАРРИ.

Според него, проблемот со трговијата со луѓе не може да се гледа изолирано од другите сродни форми на криминалитет, како илегалниот транспосрт на мигранти и илегалната миграција, кои бележат драматично зголемување.

На работилницата „Регионална соработка за поефикасен одговор“ учествуваа триесетина претставници од земјите од регионот и од меѓународни организации, кои работат на полето на сузбивање на трговијата со луѓе.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...