fbpx
Таг: статистика

таг: статистика

Цените на индустриските производи повисоки за 3,4 проценти на годишно ниво

Продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки за 1,6 отсто на месечно ниво, а се пониски за 3,4 проценти на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика. Во август, во споредба со претходниот месец, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки во секторот рударство и вадење камен за 5,4 проценти, а во...

Бројот на туристи зголемен за 4,1 отсто во првите осум месеци во однос на лани

Во периодот јануари-август 2016 година, во однос на истиот период лани, бројот на туристите е зголемен за 4,1 отсто и тоа кај домашните туристи има зголемување за 3,5 проценти, а кај странските има зголемување за 4,5 проценти, објави Државниот завод за статистика. Во истиот период, бројот на ноќевањата е зголемен за 1,8 отсто и тоа кај домашните туристи има зголемување за 2,4...

Просечната плата во јули изнесувала 22.334 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули во однос на истиот месец лани е зголемена за 2,2 проценти и изнесува 22.334 денари, објави Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред се, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите градежништво 9 проценти, административни и помошни услужни дејности 6,7 проценти и информации и комуникации 6,2 проценти. Просечната месечна бруто-плата...

Индустријата со пораст од 10,4 отсто во првите 7 месеци годинава во споредба со лани

Во јули годинава во споредба со истиот месец лани, прометот во индустријата на домашниот пазар бележи зголемување од 3,5 проценти, а прометот остварен на странските пазари бележи пораст од 16,1 отсто, објави Државниот завод за статистика. Прометот од јануари до јули е зголемен за 10,4 проценти во однос на истиот период лани. Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот рударство и вадење камен во јули во...

Стапката на невработеност во Канада се зголемила на 7 проценти

Во Канада во август се отворени 26.000 нови работни места, додека стапката на невработеност се зголемила за седум проценти, покажуваат податоците на канадската влада. „Зголемувањето на невработеноста се случи бидејќи повеќе луѓе учествуваа на пазарот на трудот,“ се наведува во соопштението на канадската статистичка канцеларија, а пренесуваат светските агенции. Зголемувањето на стапката на невработеност се случува во тешки времиња за канадската економија,...

Просечната плата во јуни изнесувала 22.187 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен изнесувала 22.187 денари, а бруто-платата - 32.637 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Просечната плата во јуни била поголема за 0,7 отсто во однос на истиот месец лани. Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите градежништво (10,6 проценти), административни и помошни услужни дејности (6,3 проценти) и...

Охрид – шампион во иселувањето од земјата

Според официјалната статистика на Државниот завод, Охрид, со години, е шампион во иселувањето од земјата. Звучи неверојатно, но егзактен е показателот дека од вкупно 767 граѓани кои лани ја напуштиле Македонија, скоро половина се од туристичкиот бисер Охрид, градот кој, додека гостите го полнат, домаќините заминуваат! Во истиот период од странство во земјава се вратиле само 259 државјани на Македонија. Последниве 11...

Бројот на работници во индустријата до мај поголем за 1,4 отсто во однос на лани

Бројот на работници во индустријата во периодот јануари - мај 2016 година, во однос на истиот период лани, е поголем за 1,4 отсто, објави Државниот завод за статистика. Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во мај 2016 година, во однос на истиот месец лани, бележи пораст кај енергија за 1,2 отсто, интермедијарни производи, освен енергија за 2,8...

Евростат: Цената на струјата во Македонија за 55 отсто поевтина од европската

Според статистичката служба на Европската Унија, Евростат, анализите за земјите кои не се членки на ЕУ, покажуваат дека во Македонија цената на струјата е за 55 отсто поевтина отколку во европските земји, а во Србија за 47 отсто. Просечната цена на струјата во земјите од ЕУ изнесува 18,4 евра за 100 киловат-часови. Како што посочуваат од Евростат, најскапа струја плаќаат Данците...

Клиника за гинекологија: Бројките за смртност на новороденчиња се вадат од контекст

Бројките за смртноста на новороденчиња на Клиниката за гинекологија и акушерство, изнесени во јавноста, се вадат од контекст, изјавија денеска на прес-конференција лекари од Клиниката. Според раководителот на онколошкото одделение на Клиниката, д-р Драган Тантуровски, бројките што се презентираат треба да бидат направени врз основа на едногодишна или повеќегодишна статистичка обработка. - Многу е лошо кога се вадат од контекст одредени бројки....

СДСМ: 600 домаќинства преживуваат со пари колку што чинат едни очила на Груевски

„Дури и Државниот завод за статистика, којшто множи и дели како што ѝ одговара на власта на Никола Груевски, не успеа да го скрие податокот дека една третина од домаќинствата во Македонија го живеат месецот со само 106 евра месечен приход. Тоа значи дека 600 домаќинства во земјава преживуваат цел месец со парите што ги дал Груевски само за неговите...

Просечната плата во април изнесувала 22.356 денари

Просечната нето-плата во април изнесува 22.356 денари и во однос на истиот месец лани е поголема за 2,8 проценти, објави Државниот завод за статистика. Бруто-платата во април, пак, изнесувала 32.974 денари и во однос на истиот месец лани е поголема за 2,7 проценти. Ваквото зголемување е резултат, пред сé, на зголемувањето на просечната нето-плата во секторите уметност, забава и рекреација (30,7...

Прометот во индустријата во првиот квартал е поголем за 11 проценти во однос на истиот период лани

Прометот во индустријата во првиот квартал од годината е поголем за 11 проценти во однос на истиот период лани, објави Државниот завод за статистика. Прометот во индустријата во април е поголем за 15,7 проценти во однос на истиот месец лани. Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во април годинава во однос на истиот месец лани бележи пораст од 4,8 проценти, а индексот...

СДСМ: Потребен е пораст од 6 проценти на БДП за граѓаните да почувствуваат подобрување

„Нереален е порастот на домашниот бруто-производ (БДП) од два процента со кој излезе Државниот завод за статистика (ДЗС) и номиналниот пораст од 8,7 отсто, бидејки тие се невозможни во услови кога во земјава има дефлација. Тоа значи дека ДЗС лаже“, се вели во соопштението на СДСМ. Оттаму додаваат дека „оваа надградена и проширена прогноза на ДЗС за пораст на БДП од едвај 2 проценти открива...

Стапката на невработеност е 24,5 проценти во првото тримесечје годинава

Во првото тримесечје од 2016 година, активното население во Македонија брои 945.821 лице, од кои вработени се 714.435, а 231.386 лица се невработени, објави Државниот завод за статистика Стапката на вработеност изнесува 42,6 проценти, додека стапката на невработеност е 24,5 проценти.

Повеќе од 24 отсто невработеност во Грција

Во Грција останува висока стапката на невработеност. Според податоците на грчкиот завод за статистика објавени денеска, во март во Грција имало 24,1 отсто невработеност. Бројката е пониска во споредба со претходните години, што покажува мало намалување на невработеноста во споредба со лани. Во март 2015 година невработеноста била 25,7 отсто, додека во февруари годинава - 24,2 отсто. Процеките на заводот...

Во првите три месеци бројот на туристи зголемен за 16,7 проценти во однос на лани

Во периодот јануари-март 2016 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 16,7 проценти и тоа кај домашните туристи има зголемување за 18,4 проценти, а кај странските има зголемување за 15,8 проценти, објави Државниот завод за статистика. Во периодот јануари-март 2016 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата...

Просечната нето-плата во февруари изнесуваше 21.813 денари

Просечната месечна нето-плата во февруари изнесувала 21.813 денари, а бруто-платата - 32.074 денари, објави Државниот завод за статистика. Просечната месечна исплатена нето-плата во февруари во однос на истиот месец лани, е зголемена за 3,4 отсто. Зголемување на просечната месечна нето-плата е забележано во секторите градежништво (16,3 отсто), административни и помошни услужни дејности (11,1 отсто). Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата, во однос на претходниот...

Годишната инфлација во еврозоната во март била нула

Инфалцијата на годишно ниво во еврозоната во март била непроменета и практично не ни постоела, покажуваат најновите податоци што денеска ги објави статистичката служба на Европската Унија, Евростат. Цените во март не се намалиле ниту се зголемиле, па инфлацијата се задржала на нула. Евростат соопштил дека најголем придонес во инфлацијата дале рестораните и кафулињата, а најголемо негативно влијание имале цените на гасот.

Бројот на работници во индустријата во јануари е поголем за 1,7 отсто во однос на истиот период лани

Бројот на работниците во индустријата во јануари 2016 година, во однос на истиот месец лани, е поголем за 1,7 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Од главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јануари 2016 година, во однос на јануари 2015 година, бележи пораст кај енергија за 2,8 проценти, интермедијарни производи, освен енергија, за 4,5 проценти и...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...