fbpx
Таг: соработка

таг: соработка

Регионалната полициска соработка е клучна во борбата против организираниот криминал

Министрите за внатрешни работи на Србија, Црна Гора и на Македонија, денеска во Белград оценија дека регионалната полициска соработка е клучна во борбата против сите видови организиран криминал. Министрите Небојша Стафановиќ, Горан Даниловиќ и Оливер Спасовски на конференцијата насловена „Регионална процена на закани од тежок и организиран криминал (СОКТА)“, изразија подготвеност за унапредување на сите видови полициска соработка. Тие оценија...

Плевнелиев и Борисов побараа од Трамп да ги укине визите за Бугарите

Во своите честитки до новоизбраниот претседател на САД, и бугарскиот претседател Росен Плевнелиев и премиерот Бојко Борисов побараа од Доналд Трамп за време на својот мандат да ги укине визите за граѓаните на Бугарија. Премиерот Борисов официјално му ја честиташе победата на Трамп и му посака нему и на американскиот народ здравје и благосостојба, соопштија од прес-службата на кабинетот на...

Се отвора можност македонските компании повеќе да извезуваат на рускиот пазар

Македонско-руската стопанска комора и „Македонски дом“ од Москва потпишаа договор за соработка, со што се отвора можност македонските компании да ги пласираат своите производи на рускиот пазар. - Во наредниот период со македонската деловна асоцијација активно ќе соработуваме на развивање на трговско-економските и туристички врски меѓу деловните луѓе од двете земји, создавајќи притоа услови размената да се зголемува, но и...

Ѓорчев очекува продлабочување на односите, Шекеринска разочарана од поразот на Клинтон

Заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, е разочарана што во Белата куќа не влезе жена претседател, додека Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ очекува продлабочување на односите меѓу САД и Македонија, по завршувањето на изборите во двете земји. Ова се оцeнките на Шекеринска и на Ѓорчев по изборот на Доналд Трамп за нов претседател на САД. Шекеринска, Ѓорчев и Артан Груби, шеф на...

Иванов и Николиќ ги повикаа бизнисмените од двете држави да соработуваат повеќе

Претседателот Ѓорге Иванов денеска ги повикал српските бизнисмени да инвестираат во Македонија, а македонските бизнисмени да соработуваат со нивните колеги од Србија, бидејќи тоа придонесува за економско зајакнување на регионот, јавува дописничката на „Мета“ од Белград. На отворањето на бизнис-форумот Србија – Македонија во Стопанската комора на Србија, на кој учествувале 200 бизнисмени од двете земји, Иванов истакнал дека трговската...

Српските и руските безбедносни служби ја зајакнуваат соработката

Николај Патрушев, висок руски функционер за безбедност, кој денеска престојува во Србија, предложи идната година Русија и Србија да потпишат меморандум за соработка на полето на безбедноста. Со овој меморандум, според Патрушев, ќе се воспостави редовна комуникација на безбедносните служби на двете земји. На состанокот со министерите за внатрешни работи и за одбрана, Небојша Стефановиќ и Зоран Ѓорѓевиќ, како и со раководителите на...

Струмица ќе гради нов НВО-центар

Проектот за изградба на нов НВО-центар преку кој треба да се создадат механизми за институционална соработка меѓу Општина Струмица и граѓанскиот сектор добил најмногу, односно 80 гласови од Граѓанскиот проектен форум, кој синоќа се одржал во Домот на АРМ во Струмица, Изградбата на новиот НВО-центар во Струмица треба да биде реализирана во текот на оваа и на следната година, а...

Србија основаше Фонд за Западен Балкан

Одборот за надворешни работи на српското собрание го прифати предлогот на владата за формирање фонд за Западен Балкан, а дел од опозицијата предупреди дека тоа е еден чекор поблиску кон признавање на независноста на Косово. Целта на основањето на овој фонд е зајакнување на врските и поттикнување на евроинтеграциите на Албанија, БИХ, Црна Гора, Косово, Македонија и на Србија, како...

Балканските антикорупционери ќе разменуваат податоци за имотот на функционерите

Mеѓународна нацрт-спогодба за размена на податоци и за верификација на имотот на јавните функционери, беше поддржана во Софија, на состанок на антикорупционери, претставници на влади и на антикорупциски тела од Југоисточна Европа, меѓу кои и од Македонија. Станува збор за документ што ќе им овозможи на властите и на антикорупциските тела од земјите од регионот, но и пошироко, да добијат и...

Воените разузнавачи од ЈИЕ ги проценуваа мигрантската криза и тероризмот

Шефовите на воените разузнавачки служби на земјите од Југоисточна Европа (ЈИЕ), меѓу кои и од Македонија, денеска расправаа за опасностите од мигрантската криза и за радикализацијата на националниот екстремизам, кој води до тероризам. Состанокот кој се оддржува во Кишињев, Молдавија, е во рамките на регионална иницијатива со која претседава Регионалниот совет за соработка (РCC) и една од земјите од ЈИЕ...

Министерот за образование Лутфиу се сретна со холандскиот амбасадор Пломп

Министерот за образование и наука, Пиштар Лутфиу, се сретна со амбасадорот на Кралството Холандија во Македонија, Ваутер Пломп. На средбата била истакната досегашната успешна соработка на полето на образованието и на науката меѓу двете земји. Министерот Лутфиу го информирал амбасадорот Пломп дека МОН целосно стипендира тројца студенти на додипломски студии и двајца студенти на магистерски студии за академската 2016/2017 година на универзитетите „Гронинеген“, „Лајден“...

Рама во Белград повторно ја повика Србија да го признае Косово

Премиерот на Албанија, Еди Рама, кој е во посета на Белград, денеска повторно ја повика Србија што поскоро да го признае Косово. Тој истовремено посочи дека силно го поддржува дијалогот меѓу Белград и Приштина. - Косово е прашање за кое во целост не се согласуваме, бидејќи мојот став е дека што поскоро Србија го признае Косово, тоа е подобро за...

Кучи побара поддршка од Словенија за подобро искористување на ИПА-фондовите

Министерот за економија, Дритон Кучи, се сретна со новоименуванот амбасадор на Словенија во Македонија, Милан Јазбец. Министерот Кучи истакна дека Словенија е еден од позначајните трговски партнери, кој постојано е позициониран меѓу првите 20 земји со кои Македонија остварува најголем обем на трговска размена. Кучи и Јазбец изразија задоволство од досегашната соработката во сферата на туризмот, бизнис-секторот, енергетиката, а министерот Кучи...

Кучи – Тимоние: Има потенцијал за инвестиции од француски компании

Министерот за економија, Дритон Кучи, денеска оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Франција во Македонија, Кристијан Тимоние. Кучи и Тимоние ја оцениле економската соработка меѓу Македонија и Франција како успешна, со голем потенцијал за нејзино продлабочување во сферата на нови инвестиции од француски компании, нивни ангажман во изградба на енергетските капацитети, како и зголемување на бројот на туристи од Франција...

Скопје и Тирана се збратимија

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, и градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, денеска во Тирана потпишаа спогодба за соработка меѓу двата града, со што тие официјално се збратимија. Градовите ќе разменуваат искуства и експерти во областа на комуналната инфраструктура, сообраќајот, одржливиот развој, заштитата на животната средина, социјалната заштита, културата, спортот и во сите други области што се од значење и...

Ќе се формираат заеднички истражни тимови во борба против криминалот во ЈИЕ

Формирање на заеднички истражни тимови во Југоисточна Европа во борба против криминалот, е тема на дводневната конференција на обвинителствата од земјите во регионот што се одржува во Подгорица, соопшти Регионалниот совет за соработка (РCC). - Загрижува фактот дека има меѓународни криминални групи, а нема заеднички истражни тимови. Поразително ако се знае дека меѓу криминалците постои поголема доверба, отколку меѓу оние...

Македонските и украинските компании ќе имаат поголема можност за соработка

Сојузот на стопански комори (ССК) денеска организира Македонско-украински бизнис-форум, на кој ќе присуствува висока официјална и бизнис-делегација од Стопанската комора за трговија и за индустрија на Украина. Целта на форумот е подобрување на економската соработка меѓу двете земји, остварување директни контакти со компаниите од Украина за воспоставување конкретни деловни односи, како и за зголемување на продажбата на домашните производи и...

Австралија бара поголема соработка со земјите од Југоисточна Азија против заканите од ИД

Австралија ќе им понуди поголема помош на земјите од Југоисточна Азија за спречување на можни терористички напади во тој регион, јавуваат светските медиуми. Безбедносните прашања ќе бидат тема на дискусија меѓу австралискиот премиер Малком Трнбул и другите лидери на Азискиот самит, кој се одржува во Лаос. Трнбул веќе навести дека неговата намера е да ја прошири соработката на Австралија со...

Вељаноски: Македонија посветува максимално внимание на регионалната соработка

„Досега Македонија има шест препораки за почнување на преговорите со ЕУ, но поради еден апсурден билатерален спор и непочитување на принципот на солидарност од нашиот јужен сосед, ние сме блокирани во нашите евроатлански интеграции. Сепак, ние како држава не се откажуваме од региналната соработка со сите држави во регионот и тоа на сите полиња“, рече претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски,...

Коѕиас пред амбасадорите: Нема да дозволиме надворешни мерки и санкции за Македонија

Македонија и Грција ја надминуваат недовербата и се на добар пат за дополнително да ги зацврстат меѓусебните врски, истакна денеска пред македонските амбасадори, конзули и дипломати, шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас. Коѕиас се обрати пред Амбасадорскиот совет и претставниците на македонските дипломатско-конзуларни претставништва по средбата со премиерот Емил Димитриев и со шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски. Зачестените контакти меѓу...

Борел и Вархеји: Изборите беа демократски спроведени

Во заедничка изјава, потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на Европска Унија за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји го поздравуваат...