fbpx

Ѓорчев очекува продлабочување на односите, Шекеринска разочарана од поразот на Клинтон

-

Заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, е разочарана што во Белата куќа не влезе жена претседател, додека Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ очекува продлабочување на односите меѓу САД и Македонија, по завршувањето на изборите во двете земји.

Ова се оцeнките на Шекеринска и на Ѓорчев по изборот на Доналд Трамп за нов претседател на САД. Шекеринска, Ѓорчев и Артан Груби, шеф на кабинет на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, беа дел од гостите во хотелот „Алаксендар палас“ каде Амбасадата на САД во земјава организираше следење во живо од пребројувањето на гласовите од изборите за претседател на САД.

– Не можам да кажам дека како жена не сум разочарана што во Белата куќа не влезе жена претседател, но тоа е одраз на демократската волја на граѓаните, како што ќе биде на 11 декември во Македонија. Резултатите покажаа дека и покрај големата медиумска поддршка и покрај сите предвидувања, волјата на граѓаните не може да се заобиколи – рече Шекеринска, додавајќи дека се надева на промени и кај нас.

Ѓорчев, пак, заклучи дека Македонија и САД се и ќе останат партнери и сојузници.

– Интересно е да се набљудуваат американските избори. Заклучокот е дека Македонија и САД се партнери, имаме комуникација, сојузници сме, така што по завршувањето на изборите во Америка, како и по завршувањето на изборите во Македонија на 11 декември, ќе пристапиме кон одржување и продлабочување на соработката во САД – изјави Ѓорчев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...