Скопје и Тирана се збратимија

-

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, и градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, денеска во Тирана потпишаа спогодба за соработка меѓу двата града, со што тие официјално се збратимија.

Градовите ќе разменуваат искуства и експерти во областа на комуналната инфраструктура, сообраќајот, одржливиот развој, заштитата на животната средина, социјалната заштита, културата, спортот и во сите други области што се од значење и во интерес на двата града.

Исто така, ќе разменуваат искуства и примери на добри практики поврзани со европската интеграција, ќе разменуваат информации за проекти и ќе соработуваат во реализацијата на проектите од заеднички интерес.

– Ми претставува особена чест што денеска го потпишавме овој договор за соработка, односно договор за збратимување, како еден од највисоките документи за соработка меѓу два града. Ова збратимување има големо значење за Скопје зашто ние доаѓаме од две соседни земји кои негуваат одлична соработка. Нашата соработка за нас ќе значи и побрзо приближување до Европската Унија, како и размена на искуства во повеќе области – изјави Трајановски.

Градоначалникот на Тирана, истакна дека со задоволство очекува размена на искуства за работењето на Град Скопје, за успешното функционирање на јавните претпријатија, за сообраќајните решенија и за менаџирањето со кризните ситуации.

– Заинтересирани сме да подготвиме календар за соработка во многу сфери од нашето дејствување – урбанизмот, културата, размената на ученици и студенти, за организирање културни манифестации. Ми претставува големо задоволство што граѓаните на Скопје и на Тирана веќе ја предводат оваа соработка, патуваат и негуваат пријателски односи. Се надевам на плодна соработка меѓу нашите два града – нагласи по средбата, Велиај.

Соработката на Скопје и Тирана датира од 1996 година. Оттогаш се реализирани неколку возвратни посети, а особено е интензивна соработката на полето на културата, уметноста, образованието и спортот.

Градот Скопје е збратимен со вкупно 19 градови, а има воспоставено пријателски односи и соработува со над 50 градови од светот.

Британска амбасада: Почеток на нова ера во односите меѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија

Со потпишувањето на новото партнерство Влада со Влада, денес започнува нова ера во односите помеѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија, соопшти Британската амбасада во Скопје. Како што велат од таму, партнерството...

Зеленски разговарал со Сиљановска Давкова за самитот Украина – Југоисточна Европа во Одеса, не е јасно дали таа ќе учествува

Украина го подготвува четвртиот Самит „Украина – Југоисточна Европа“, кој годинава е планирано да се одржи во Одеса, Украина. За таа цел украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска соопшти дека разговарал со...

Македонија потпиша договор за економска соработка со Обединетото Кралство

На 22 мај 2025 година, во Лондон, вицепремиерот Александар Николоски, во име на Владата на Република Северна Македонија, го потпиша Договорот Влада со Влада за политичка и економска соработка со Обединетото...

Каја Калас утре во Скопје на средба со премиерот Мицкоски

Високата претставничка на Унијата, Каја Калас најави дека ќе се ангажира со владите во Србија, Косово и Македонија за нивниот пат кон ЕУ, а утре во Скопје ќе се сретне со...

Британска амбасада: Почеток на нова ера во односите меѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија

Со потпишувањето на новото партнерство Влада со Влада, денес започнува нова ера во односите помеѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија, соопшти Британската амбасада во Скопје. Како што велат од...