fbpx

Вељаноски: Македонија посветува максимално внимание на регионалната соработка

-

„Досега Македонија има шест препораки за почнување на преговорите со ЕУ, но поради еден апсурден билатерален спор и непочитување на принципот на солидарност од нашиот јужен сосед, ние сме блокирани во нашите евроатлански интеграции. Сепак, ние како држава не се откажуваме од региналната соработка со сите држави во регионот и тоа на сите полиња“, рече претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, во својот говор на парламентарниот состанок на земјите од Централно-источна Европа во Варшава.

– Тоа што сакам да го истакнам е дека Република Македонија, како мала држава со ограничени ресурси, посветува максимално внимание на регионалната соработка и на добрососедските односи. Ние и досега, а и во иднина сакаме преку инклузивност да ги развиваме како билатералните, така и мултилатералните односи во регионот и пошироко. Тоа што мислам дека не го правиме доволно добро е фактот дека или не знаеме или едноставно сме сè уште балкански невнимателни, па имаме релативно ниска искористеност на средствата што ЕУ ги одделува за регионалната соработка. Мислам дека тука можат многу поактивна улога и помош да ни пружат државите членки на ЕУ од регионот и воопшто од Централна и од Југоисточна Европа, како и канцелариите на ЕУ во нашите земји – рече Вељаноски.

Вељаноски додаде дека на глобалниот тероризам, мигрантската криза, организираниот криминал може да се одговори само преку целосна соработка на сите држави и на нивните институции, вклучувајќи ги и парламентите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...