fbpx
Таг: соработка

таг: соработка

Бајден: Ќе соработуваме околу Ѓулен, но ќе ги запазиме стандардите

Потпретседателот на САД, Џозеф Бајден, во Анкара изјави дека Американците ќе соработуваат со Турција во оценувањето на доказите против Фетулах Ѓулен. Бајден истакна дека притоа мора да бидат исполнети правните стандарди. Американскиот потпретседател рече дека САД немаат интерес да штитат кого било што им наштетил на нивните сојузници и додаде дека Вашингтон по неуспешниот обид за пуч ѝ понудил на Анкара непоколеблива...

Земјите од Балканот имаат перспектива преку заеднички регионални проекти

Претседателот Ѓорге Иванов прими висока делегација од Коморите од земјите од регионот, членки на Коморскиот инвестициски форум (КИФ) формиран во 2015 година како платформа на регионално поврзување за поддршка на коморите на „Берлинскиот процес“, информираат од Стопанска комора. Коморските делегации беа предводени од претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески и неговите колеги од Србија и Косово. На состанокот тие го...

Кучи: Примена на швајцарски искуства за развој на туризмот во Македонија

Искористување на туристичкиот потенцијал на Македонија преку примена на швајцарска експертиза во областа на туризмот, најави министерот за економија Дритон Кучи, по потпишувањето на меморандумот за разбирање и соработка во областа на туризмот, со директорката на швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ), Розанди Лоу. Со потпишувањето на овој меморандум, Македонија ќе добие поддршка од Швајцарија во развојот на...

Македонија и Косово ќе ја подобруваат трговската размена

Министерот за економија, Дритон Кучи денеска оствари билатерална средба со косовската министерка за трговија и индустрија, Хикмете Бајрами. Тие оцениле дека постоечките билатерални односи се добра основа за натамошно надградување и унапредување на соработката. Косовската министерка за трговија и индустрија рече дека меѓу Косово и Македонија има одлична трговска соработка, но додаде дека се уште има простор за нејзино понатамошно подобрување. -...

Стопанска комора ќе им ја олеснува работата на компаниите со подготовка на нова услуга

Стопанската комора на Македонија подготвува нова услуга која ќе им биде на располагање на компаниите, со цел олеснување на работењето при подготовка и апликација на документи при соработка со домашните и странските компании, но и при подготовка за извоз. Од Стопанска комора информираат дека услугата ќе биде во насока на ефикасно, ефективно и економично работење на компаниите. Како што информираат од Комората, оваа...

Туристичката соработка на земјите од регионот е важна за развојот на туризмот

За креирање заеднички туристички понуди за настап на трети пазари, за зголемување на бројот на туристи и за туристичката соработка помеѓу земјите, разговараа претседателот на туристичко-угостителската комора при Сојуз на стопански комори ССК, Аркан Керим, и амбасадорите на Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и на Албанија во Македонија. - Нашата цел е продлабочување и интензивирање на туристичката соработка помеѓу земјите и...

Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Општина Центар потпишаа Меморандум за соработка

Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Општина Центар потпишаа Меморандум за спроведување на проектот „Поддршка на институции и структури за младински политики“. ОБСЕ ќе го поддржи зајакнувањето на капацитетите на Локалниот младински совет, како и на младинските структури. Со тоа ќе се придонесе за зголемување на младинското учество во донесувањето одлуки на локално и на национално ниво. За таа цел ќе...

Заев и Бошкоски ја потпишаа „Платформата за демократска Македонија“

Лидерите на СДСМ и на Обединети за Македонија, Зоран Заев и Љубе Бошкоски, денеска на заедничка средба ја потпишале „Платформата за демократска Македонија“ и договориле соработка меѓу двете партии, соопштија попладнево од СДСМ. На средбата, Заев и Бошкоски разговарале за „соработката во рамките на широкиот демократски фронт“ и за надминувањето на политичката криза преку одржување на фер и веродостојни избори во...

Министерот Дритон Кучи се сретна со директорот на УСАИД, Џејмс Стајн

Mинистерот за економија, Дритон Кучи, денеска се сретна со директорот на УСАИД во Македонија, Џејмс Стајн. На средбата, која се одржала на барање на Стајн, се разговарало за досегашната успешна соработка што УСАИД ја има со Министерството за економија. Министерот Кучи ја потврдил својата безрезервна поддршка за продолжување на соработката во иднина и му се заблагодарил на директорот Стајн за поддршката што...

Изложба на македонските „Архи тек“ и „Прајват принт“ во Атина

Иницијативата „Архи тек“ на Архитектонскиот факултет од Скопје и издавачката куќа за уметнички книги „Прајват принт“ (Private Print) оваа недела ги претставија своите активности во Грција, со изложба во атинскиот културен простор „Арт фондејшн“ (The Art Foundation). На изложбата под наслов „Сè што сте сакале да знаете за вашиот сосед, но сте се плашеле да прашате“, која отвори можност за...

Путин ќе ја посети Кина за да ја зајакне економската соработка

Рускиот претседател Владимир Путин в сабота ќе ја посети Кина, каде што ќе се сретне со кинескиот претседател Си Џинпинг и со други високи официјални лица, при што се очекува да бидат потпишани околу 30 документи за политичка и за економска соработка меѓу двете земји. Целта е да се реализираат економски проекти во областа на туризмот, технологијата, енергетиката и во производството...

Делегација од францускиот регион Алзас во посета на Скопје

Висока француска делегација од регионот Алзас ќе престојува во Македонија од 19 до 22 јуни, заради промоција на Алзашкиот Регион и унапредување на економската соработка. Делегацијата ќе биде предводена од директорот на Агенцијата за промоција на регионот Алзас, Филип Шукрун. Во состав на делегацијата ќе бидат советници, економски промотори и претставници на здруженија, како и познати готвачи и слаткари, кои...

Македонија и Грција одржаа нова рунда разговори за мерките за градење доверба

Во Атина се одржа нова рунда разговори за мерките за градење доверба меѓу Македонија и Грција. Со оваа средба меѓу претставниците на грчкото и на македонското министерство за надворешни работи во Атина, се продолжува дијалогот за зајакнување на меѓусебната соработка во повеќе различни сектори за приближување на двете општества. Според информациите од грчкото МНР, на оваа рунда разговори се разговарало за...

Вељаноски: Од „балкански“ треба да преминеме кон „нордиски“ менталитет

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, денеска се обрати на Третата пленарна сесија на Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) што се одржува во Софија. Тој пред присутните рече дека во изминатите две декади регионот поминал низ значајни промени, дека се постигнати значајни реформи кои обезбедиле демократизација и имплементација на европските стандарди. - Но, морам...

Граѓанските организации не сакаат претставници во советот за соработка со Владата

Осумдесет и девет (89) граѓански организации бараат Владата да не ја спроведува одлуката за формирање совет за соработка меѓу Владата и граѓанскиот сектор пред да го слушне нивното мислење во врска со тоа. - Бараме Владата да го запре процесот за избор на претставници од граѓанското општество во советот за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор, да направи измени и...

Македонски компании се претставуваат на саем во Истанбул

Бизнис-делегација од 35 компании, членки на Стопанската комора на Северо-западна Македонија, престојува во Истанбул каде што делегатите ги претставуваат своите бизниси во рамките на третиот Саем за кинески производи (China Homelife), кој е посветен на компании заинтересирани за проширување на својот бизнис во други земји. На овој саем се претставуваат повеќе од 700 изложувачи и 25.000 ексклузивни брендови со висок квалитет од...

Потребно е инфраструктурно поврзување за да се зголеми трговската размена со Бугарија

Потребна е изградба на нов автопат, односно инфраструктурно поврзување со Бугарија, за да се зголеми трговската размена со оваа соседна земја. Ова било заклучено на денешната средба меѓу министерот за економија, Дритон Кучи, и претседателот на Македонско-бугараската стопанска комора, Зоре Темелковски. - Македонија и Бугарија негуваат пријателски односи, а на економски план се бележи континуирано зголемување на обемот на економска соработка,...

Се отвора можност за поголема соработка меѓу македонските и либанските компании

Либански бизнисмени се заинтересирани за соработка со македонски компании од областа на трговијата, индустријата и недвижностите, а не ја исклучуваат можноста и да инвестираат. Ова денеска го истакна претседателот на Либанско-македонскиот совет на бизнисмени, Самир Суфан, во Стопанската комора на Македонија. Нашите компании очекуваат дека преку соработка со трговските компании од Либан ќе успеат да го прошират извозот и во овој...

Македонско-австриски бизнис форум ќе се случува на 7 јуни

Македонско-австриски бизнис форум на кој ќе учествуваат девет австриски и домашни компании ќе се одржи на 7 јуни во Стопанската комора на Македонија. Компаниите ќе бидат од текстилната, прехранбената, фармацевтската, металната индустрија. Целта е да се продлабочи директната соработка со што ќе се развива конкурентноста, ќе се создадат нови производи и ќе се зголеми извозот на македонските компании. - Овој форум е...

Зајакнувањето на билатералната соработка во фокус на средбата Путин – Ципрас

Продлабочувањето на билатералната економска, трговска и енергетска соработка беше во фокусот на средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и грчкиот премиер Алексис Ципрас. Путин не најави некоја конкретна инвестиција, но посочи дека гледа простор за зголемување на руските финансиски инвестиции во Грција, додавајќи дека Русија има 700 милиони долари инвестиции на грчко тло. Во изјавите со Ципрас, по неочекувано долгата тет-а-тет...

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...