fbpx

Земјите од Балканот имаат перспектива преку заеднички регионални проекти

-

Претседателот Ѓорге Иванов прими висока делегација од Коморите од земјите од регионот, членки на Коморскиот инвестициски форум (КИФ) формиран во 2015 година како платформа на регионално поврзување за поддршка на коморите на „Берлинскиот процес“, информираат од Стопанска комора.

Коморските делегации беа предводени од претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески и неговите колеги од Србија и Косово.

На состанокот тие го информирале Иванов за сите активности кои ги преземаат коморите за поддршка на „Берлинскиот процес“.

Во рамките на „Берлинскиот процес“, кој започна на иницијатива на германската канцеларка Ангела Меркел во 2014 година до сега се одржаа три од петте планирани самити до 2018 година.

Целта на сите самити е следење на постигнатиот напредок на регионот, како и повторно потврдување и зајакнување на европската перспектива на сите земји и забрзување на реформите, зголемување на економските можности и поттикнување на соработката.

Коморите, преку формирањето на КИФ, испраќаат порака дека постои економска перспектива за Балканот, преку силната економска соработка на земјите развој на заеднички регионални проекти.

КИФ ги обединува осумте комори од регионот (од Македонија, Србија, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска и од Словенија), и се моќен репрезент на економиите од овие земји со 350.000 компании.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...