fbpx

Делегација од францускиот регион Алзас во посета на Скопје

-

Висока француска делегација од регионот Алзас ќе престојува во Македонија од 19 до 22 јуни, заради промоција на Алзашкиот Регион и унапредување на економската соработка.

Делегацијата ќе биде предводена од директорот на Агенцијата за промоција на регионот Алзас, Филип Шукрун. Во состав на делегацијата ќе бидат советници, економски промотори и претставници на здруженија, како и познати готвачи и слаткари, кои ќе го промовираат овој регион, особено на економски, туристички и на гастрономски план.

Делегацијата ќе се сретне со Ана Блажеска, државниот секретар во Секретаријатот за европски прашања, Бранко Азески, директорот на Стопанската комора на Македонија, Данела Арсовска, претседателка на Сојузот на стопански комори на Македонија, и со Ширет Елези, министерката за локална самоуправа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...