fbpx

Македонија и Косово ќе ја подобруваат трговската размена

-

Министерот за економија, Дритон Кучи денеска оствари билатерална средба со косовската министерка за трговија и индустрија, Хикмете Бајрами.

Тие оцениле дека постоечките билатерални односи се добра основа за натамошно надградување и унапредување на соработката.

Косовската министерка за трговија и индустрија рече дека меѓу Косово и Македонија има одлична трговска соработка, но додаде дека се уште има простор за нејзино понатамошно подобрување.

– Не треба да бидеме конкуренти, туку партнери со заедничка стратегија за настап на трети пазари. Треба да се отстранат и сите бариери меѓу бизнис заедниците – нагласи Бајрами.

Таа посочи дека треба да има и подобра соработка меѓу двете земји во областа на туризмот.

– Туризмот има огромен потенцијал за соработка. Неопходно е да се направи заедничка понуда за странските туристи кои се заинтересирани да ги посетат двете земји – рече Бајрами.

Двајцата министри се согласија за актуелизирање на прашањето за испитување на можноста за царинење на продукти на граничниот премин Јажинце, што би значело големо олеснување за бизнисите во двете земји.

Министерот Кучи информираше дека, соработката меѓу двете земји се реализира врз основа на 28 потпишани договори, а со примената на ЦЕФТА договорот, вкупната трговска размена меѓу Македонија и Косово се реализира на слободен, бесцарински систем, благодарение на 100 процентната либерализација на трговијата.

Според статистичките податоци за 2015 година, Македонија ја посетиле 1.329.000 граѓани на Косово, додека 738 илјади граѓани од Македонија го посетиле Косово.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...