fbpx
Таг: соопштение

таг: соопштение

„Бомба“ за медиумите: Ги преполниле со партиски и неспособни луѓе

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на почетокот на денешната прес-конференција, рече дека објавува аудиодокази зошто МРТ пренесува информации кои немаат врска со реалноста и како избирале новинари кои сервилно служат на Груевски. - Денеска го отвораме и пакетот кој ќе ја покаже спрегата на Никола Груевски и со приватните медиуми, за контролата врз газдите на „Канал 5“ и на „Сител“,...

ДУИ ги повикува граѓаните да не наседнуваат на провокации

Инцидентот во Гошинце е акт кој ѝ наштетува на агендата на Албанците во Македонија, како и воопшто на националната агенда, се вели во реакцијата на ДУИ. „ДУИ ги повикува граѓаните да не се грижат и да не наседнуваат на провокации. Ги уверуваме граѓаните дека овие инциденти нема да нè оттргнат од нашата зацртана агенда и од нашите активности. Бараме од...

ВМРО-ДПМНЕ: Никој ниту е истепан, ниту завршил во ендек

По прес-конференцијата на СДСМ во општина Центар, реакција испрати ВМРО-ДПМНЕ, во која се вели дека ниту шамар некому од опозицијата му бил удрен, ниту некој во ендек завршил, исто како што ниту некоја фирма била затворена поради политички мотиви. „СДСМ со секоја нова прес-конференција го покажува очајот и немоќта во која е заглавена. Жално е и поразително што главниот адут...

ВМРО-НП: Прво се бунат, потоа секогаш ги прифаќаат нашите предлози

ВМРО-Народна партија е сериозно загрижена што идејата на нашиот претседател Љубчо Георгиевски за закон за амнестија беше крајно извртена, извитоперена и погрешно протолкувана од двата политички блока во нашата држава и од нивните медиумски структури. Со тоа и двете политички сили демонстрираа дека имаат медиуми и аналитичари, кои теснопартски ги гледаат сите идеи и иницијативи и само уште еднаш...

ВМРО-ДПМНЕ: Заев е маша на странски центри

ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на Зоран Заев за амнестијата во хашките случаи. Оттаму тврдат дека СДСМ продолжува со спроведување на своето сценарио за дестабилизација на Македонија. „Неговата улога е да биде маша на странски центри кои имаат цел - нарушување на стабилноста на Македонија и нарушување на нејзиниот меѓународен углед. Зоран Заев продолжува да манипулира со креирани и лажни материјали, кои ги...

СДСМ: Агенцијата за медиуми е под контрола на Груевски

Мнозинството во Агенцијата за медиуми денеска потврди дека и ова регулаторно тело е партиско тело контролирано од еден центар, канцеларијата на Никола Груевски, велат од СДСМ. „Срамна и недозволива е денешната одлука што ја донесоа членовите под контрола на Груевски, со којашто е отфрлен предлогот да се побара од МРТВ објективно и професионално известување, во услови кога националниот сервис ги...

ДОМ го поздрави почетокот на дијалогот во Брисел

ДОМ  денеска соопшти дека го поздравува неформалниот почеток на дијалог помеѓу власта и опозицијата во рамките на Конференцијата во Брисел. „ДОМ инсистира на дијалогот, верувајќи дека Македонија има демократски капацитет за излез од кризата. Порано или подоцна, сите избрани пратеници треба да се сретнат во Собранието зашто само таму може да се изгласаат измени на Изборниот законик и на други закони, што...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ заради гола борба за власт, испорача услуга на странски центри

ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение наведува дека СДСМ поднесува неосновани пријави. „СДСМ треба да знае дека со правдата и со вистината нема пазарење“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Оваа реакција пристигна откако заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, поднесе 21 кривична пријава за криминал при избори. „Денешната изјава на Радмила Шекеринска и кривичните пријави се проѕирен обид за пазарење и за дефокусирање на јавноста...

МАНУ: Надминувањето на кризата е должност и одговорност на политичарите

Македонската академија на науките и уметностите e крајно загрижена од продлабочувањето на кризата во земјава. Од Академијата сметаат дека политичката криза се заканува да ги оживее сеништата на историските делби од минатото. „Надминувањето на кризата е, пред сè, е должност и одговорност на политичките и на другите фактори, кои своите ставови и определби треба да ги артикулираат низ дијалог и...

ВМРО-ДПМНЕ: Снимките се креирани, монтирани, сечени и менувани

Зоран Заев и неговата врхушка во СДСМ денеска покажаа дека сакаат да ја држат целата држава во уцена со креирани, монтирани, сечени, лепени и прелепувани, кратени и менувани разговори по телефон без никаква автентичност, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „СДСМ не е ништо повеќе од прислужник на сценарио кое има цел да ја дестабилизира Македонија, да предизвика кавги и конфликти и помеѓу...

ВМРО-НП: Проектот „Стоп за српската асимилација на македонската нација“ е насилно прекинат

ВМРО-Народна партија информира дека „делот од проектот за одбрана на македонскиот идентитет, кој се одвиваше преку билборди, со порака „Стоп за српската асимилација на македонската нација“ е незаконски, самоволно и на најгруб начин прекинат со тоа што постерите насилно и без согласност од партијата се отстранети“. „ВМРО-Народна партија е загрижена од однесувањето на власта, која немајќи аргументи и докази за постоење...

Заев се сретна со амбасадорот на Кралството Шведска

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, и заменик-претседателката Радмила Шекеринска, денеска остварија средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Македонија, Матс Стафансон. „На средбата се разговарало за актуелната состојба во земјава. Посебен акцент бил ставен на нарушената демократија и на загрозената слобода на граѓаните, како последица на противуставното прислушување на повеќе од 20.000 граѓани од службите под контрола на Никола Груевски и...

Иванов ги избегна новинарите и соопшти дека бара разумност и одговорност

Претседателот Ѓорге Иванов, во соопштение од неговиот кабинет, изразува целосна поддршка за брзо, ефикасно и транспарентно постапување на сите надлежни државни органи во утврдувањето на постоење активности спротивни на уставно-правниот поредок и во санкционирањето на сторителите на кривични дела. Иванов, сепак, избегна да одговори на новинарските прашања на денешната средба со началникот на Генералштабот на Република Македонија, Горанчо Котески. Во Домот на...

Обвинителството сака да открие или да сокрие?

Синоќешното соопштение на Јавното обвинителство за материјалите од средбата меѓу премиерот Никола Груевски и лидерот на опозцијата, Зоран Заев, во кое, меѓу другото, медиумите се предупредуваат да не објавуваат вакви слични материјали бидејќи ќе сносат санкции, предизвика остри реакции во јавноста и од новинарските здруженија. Првичните реакции на соопштението произлегуваат и сугерираат на повеќе моменти поврзани со објавувањето информации и...

ВМРО-НП со кампањи против српската музика

ВМРО-Народна партија соопштува дека почнува две паралелни кампањи за одбрана и за зачувување на македонскиот национален идентитет. Кампањата „Стоп за српската асимилација на македонската нација“ се одвива преку билборди, поставени низ Скопје, а втората кампања „Сакаме да слушаме македонска музика, а не српски кич“ е презентирана преку „Фејсбук“. „Со оглед дека најголем дел од провладините медиуми и портали се обидуваат да го пренасочат јавното...

„Цивил“: СДСМ веднаш да ги објави сите податоци за корупција во власта

Центар за слобода со изненадување и со огорченост го следи најновиот развој на настаните поврзан со кривичните пријави и со апсењата во рамките на полициско-политичката и медиумска операција „Пуч“, под диригентската палка на премиерот и на полицијата. „Ова е уште една од низата акции на власта, која својата моќ ја практикува под, најблаго кажано, крајно сомнителни изговори. Такви се и...

ЗНМ: Брутална манипулација на МРТ за дневно-политички потреби

Здружението на новинарите на Македонија остро ја осудува бруталната манипулација на јавниот сервис Македонска радиотелевизија за дневно партиско-политички потреби. МРТ се финансира од радиодифузна такса на граѓаните и треба да служи на јавниот интерес, сметаат од здружението. „Дебатната емисија емитувана во живо во недела, во 20 часот, водена од одговорниот уредник Горан Петревски, каде тема на разговор беше аферата „Пуч“, е...

ДУИ: Да се демонстрира одговорност

Демократската унија за интеграција информира дека со загриженост ги следи актуелностите по повод обвинението за обид за рушење на државниот поредок и шпионажа од страна на четири лица, вклучително и лидерот на опозицијата, Зоран Заев. „Демократската унија за интеграција во континуитет ја истакнува ургентната потреба за подигнување на интегритетот и независноста на судството и на обвинителството, како и транспарентното и објективно...

Британската амбасада со соопштение за акцијата „Пуч“

Амбасадата на Британија испрати соопштение, во кое се вели дека обвиненијата за Заев се многу сериозни и од основна важност е сите институции да ги почитуваат принципите на правото и притоа да се исполнат највисоките меѓународни стандарди. „Обединетото Кралство ги прими со загриженост информациите за покренувањето обвиненија против Зоран Заев. Од основна важност е, како и во секој судски случај, сите...

ВМРО-НП: Огорчени сме од лажниот патриотизам на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-Народна партија смета дека уште со самото одобрување на ревизија за приватизацијата на фирмата „Фершпед“, која е, можеби, единствен случај во севкупната трансформација на сопственост во Македонија, стана општопознато зошто тоа е направено. На сите веднаш ни беше јасно, велат од ВМРО-НП, дека раководството на „Фершпед“ беше уценето, во замена за позитивна судска одлука со која ќе ја сочува...

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...