fbpx

ВМРО-НП: Прво се бунат, потоа секогаш ги прифаќаат нашите предлози

-

ВМРО-Народна партија е сериозно загрижена што идејата на нашиот претседател Љубчо Георгиевски за закон за амнестија беше крајно извртена, извитоперена и погрешно протолкувана од двата политички блока во нашата држава и од нивните медиумски структури. Со тоа и двете политички сили демонстрираа дека имаат медиуми и аналитичари, кои теснопартски ги гледаат сите идеи и иницијативи и само уште еднаш покажаа дека Македонија е далеку од објективно и од независно новинарство, реагираат од партијата.

„За да нема забуна, предлогот е многу јасен: За да се скратат тензии и за да се спречи можна ескалација на кризата, во која најголем губитник ќе биде државата, предлагаме закон за амнестија, со кој ќе бидат амнестирани само делата опфатени од изборните нерегуларности, споменати во објавените прислушувани разговори, како и самиот чин на прислушување, без разлика кој го нарачал и спровел. ВМРО-Народна партија, сака да ги потсети тие што ја креираат политичката јавност во Македонија дека сите идеи на Љубчо Георгиевски досега поминале низ три фази: прва фаза „Јас никако не ја прифаќам таа идеја“, втора фаза „Можно е да се размисли за таа идеја„, трета фаза „Отсекогаш сум ја поддржувал таа идеја и мислам дека е најдобро решение“. Затоа овојпат ги повикуваме сите, заради доброто на државата, да се охрабрат и да ги прескокнат првите две фази. За да не се губи време и за да не страда Македонија, затоа што и така на крај пак сè ќе заврши со некаков договор и со амнестија“, стои во соопштението од ВМРО-НП.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...