fbpx

Средношколците Македонци и Албанци заедно на протестен марш

-

Учениците Албанци и Македонци попладнево излегоа на протест, кој се одржа на тетовскиот плоштад, и на марш по булеварот Илинденска. Тие побараа да се укине екстерното тестирање и новиот начин на полагање државна матура.

– Не може неколку тестови да ни го оценат целото знаење што сме го стекнале во текот на целата година. Ние не се откажуваме така лесно од нашите барања. Одлучивме да протестираме заедно, и Македонци и Албанци, затоа што лошите реформи во образованието нè засегаат сите – изјави еден средношколец.

На протестот и на маршот поддршка му дадоа средношколците од тетовската гимназија и од медицинското училиште. Учениците од другите училиште, поради притисоци, не успеале да им се приклучат.

– Јас бев лично сведок како на ученците од економското училиште, кои сакаа да учествуваа на протестот, им беше заклучена вратата од училишниот двор од раководството на училиштетото, не дозволувајќи им да излезат надвор – изјавија од „Средношколски пленум“.

Вакви слични притисоци има и во други средни училишта, додаваат од пленумот, кои велат дека и покрај тоа, тие и понатаму нема да се откажат од протестите и од бојкотот на наставата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани...