fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Никој ниту е истепан, ниту завршил во ендек

-

По прес-конференцијата на СДСМ во општина Центар, реакција испрати ВМРО-ДПМНЕ, во која се вели дека ниту шамар некому од опозицијата му бил удрен, ниту некој во ендек завршил, исто како што ниту некоја фирма била затворена поради политички мотиви.

„СДСМ со секоја нова прес-конференција го покажува очајот и немоќта во која е заглавена. Жално е и поразително што главниот адут на СДСМ, не се програма, идеи и проекти, туку сечени, монтирани, прилепувани и вадени од контекст материјали“, стои во реакцијата на владејачката партија.

Според нив, СДСМ вадела разговори кои се однесувале на сосема други ситуации и околности, ги монтирала и ги прилепувала и потоа ги прикажувала во одреден контекст.

„Ниту шамар некому од опозицијата му бил удрен, ниту некој во ендек завршил, исто како што ниту некоја фирма била затворена поради политички мотиви или, пак, на кого било од опозицијата му е наштетено. Затоа СДСМ не сака да говори за реалноста, туку за измислени и за креирани разговори. Реалноста за нив е поразителна. Нема да набројуваме на територија на целата држава, туку само во општина Центар, плодот на работата на СДСМ во општина Центар е: изградба на дивоградби како Тифани, Кинески ѕид, Лумикс, запустен плоштад кој наликуваше на периферен град од некоја африканска земја, раскопани булевари и улици“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...