fbpx

ВМРО-НП: Проектот „Стоп за српската асимилација на македонската нација“ е насилно прекинат

-

ВМРО-Народна партија информира дека „делот од проектот за одбрана на македонскиот идентитет, кој се одвиваше преку билборди, со порака „Стоп за српската асимилација на македонската нација“ е незаконски, самоволно и на најгруб начин прекинат со тоа што постерите насилно и без согласност од партијата се отстранети“.

„ВМРО-Народна партија е загрижена од однесувањето на власта, која немајќи аргументи и докази за постоење на национална дискриминација содржани во пораката на билбордите, но и без да нè извести како нарачатели на оваа кампања, еднострано ја запре во обид да ги спречи позитивните реакции на граѓаните на Македонија. Од друга страна, ова зборува дека нашите пораки се правилно сфатени од граѓаните и со тоа е постигната крајната цел на кампањата за освестување дека опасноста за опстанокот на македонскиот јазик, македонската песна, културата и сè она што го обележува идентитетот на македонскиот народ е сосема реална. Од ова, кристално јасно се гледа дека овој наш проект има благородна мисија за одбрана и за сочувување на нашиот идентитет и со тоа паѓаат во вода сите лажни обвинувања за наводно дискриминирање на нечиј ентитет“, стои во соопштението од ВМРО-НП.

ВМРО-Народна партија ги потсетува и сите што се обидуваат да ја искриват вистината, но и пораката да ја насочат на погрешна адреса, дека или се дел од проектот за асимилација или се веќе целосно и неповратно асимилирани.

„ВМРО-Народна партија, и покрај ваквата манифестација на сила од страна на власта, нема да се обесхрабри туку, напротив, ќе продолжи со уште поголема енергија, ентузијазам и креативност во осмислување и во спроведување нови проекти за будење на македонската национална свест во одбрана на македонскиот јазик, песна, култура и целото културно уметничко творештво што недвосмислено значи зачувување на сопствениот идентитет“, стои во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...