fbpx

ВМРО-НП со кампањи против српската музика

-

ВМРО-Народна партија соопштува дека почнува две паралелни кампањи за одбрана и за зачувување на македонскиот национален идентитет.

Кампањата „Стоп за српската асимилација на македонската нација“ се одвива преку билборди, поставени низ Скопје, а втората кампања „Сакаме да слушаме македонска музика, а не српски кич“ е презентирана преку „Фејсбук“.

„Со оглед дека најголем дел од провладините медиуми и портали се обидуваат да го пренасочат јавното мислење дека оваа кампања е против српското малцинство во Македонија, сакаме да дадеме дополнително објаснување, за сите оние кои сакаат да ја искриват целта на нашата кампања или поради интелектуални попречености не можат доволно да ја разберат. ВМРО-Народна партија нема ништо против српскиот народ во Србија, а уште помалку против српското малцинство што живее рамноправно со останатите малцинства во Р.Македонија. Оваа кампања на ВМРО-Народна партија е директно, јасно и недвосмислено насочена против македонските србомани во составот на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, кои во последните години преку својата геополитичка стратегија за Балканот, преку своите медиуми и со целата културна и музичка програма, го загрозуваат и систематски го разоруваат македонскиот национален идентитет“, стои во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Македонија гласа: Седми претседателски избори со седуммина кандидати

Денеска се одржуваат седмите претседателски избори во Република Северна Македонија, а за функцијата Претседател на РСМ се натпреваруваат седум кандидати. Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот...