fbpx

ДОМ го поздрави почетокот на дијалогот во Брисел

-

ДОМ  денеска соопшти дека го поздравува неформалниот почеток на дијалог помеѓу власта и опозицијата во рамките на Конференцијата во Брисел.

„ДОМ инсистира на дијалогот, верувајќи дека Македонија има демократски капацитет за излез од кризата. Порано или подоцна, сите избрани пратеници треба да се сретнат во Собранието зашто само таму може да се изгласаат измени на Изборниот законик и на други закони, што се однесуваат на текот на изборите и на избирачкиот список. Конечно, само Собранието може да го распушти овој состав и да распише избори“, се вели во соопштението.

Од партијата, воедно, го повторуваат ставот дека разврската на политичката криза треба да биде институционална, преку паралелни судски и политички процеси според договорен редослед.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...