fbpx

МОН ќе доделува парични награди за освоени први места по математика

-

Министерството за образование и наука информира дека во тек е јавен повик за доделување парична награда за освоено прво, второ или трето место на меѓународен натпревар од областа на математиката и на природните науки, за учениците од основните училишта, како и јавен повик наменет за учениците од средните училишта во Република Македонија.

На повиците можат да се пријават ученици, заедно со наставникот кој ги подготвувал за натпреварот, кои освоиле прво, второ или трето место на меѓународен натпревар од областа на математиката и на природните науки, во учебната 2014/15 година. Под меѓународен натпревар се подразбира натпревар на кој учествуваат ученици од најмалку десет различни држави.

Повикот ќе биде отворен до 30 јуни 2015 година. Пријавите, заедно со потребната документација, наведена во конкурсот кој е објавен на www.mon.gov.mk, треба да се достават до Министерството за образование и наука на улица Св. Кирил и Методиј бр.54, 1.000 Скопје, со назнака „За јавен повик за доделување парична награда за освоено прво, второ или трето место на меѓународен натпревар од областа на математиката и на природните науки“.
Министерството за образование и наука ќе додели, поединечно, парична награда во износ од 50 проценти од просечната нето-плата во Република Македонија во последниот месец пред доделувањето за освоено прво место, 40 проценти за освоено второ место и 30 отсто за освоено трето место.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја затвора канцеларијата на Ал Џезеира

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека канцелариите на Ал Џезеира во Израел ќе бидат затворени, пренесува CNN. „Владата на чело со мене едногласно одлучи: Провокативниот канал Ал Џезеира ќе биде...