fbpx

ВМРО-НП: Огорчени сме од лажниот патриотизам на ВМРО-ДПМНЕ

-

ВМРО-Народна партија смета дека уште со самото одобрување на ревизија за приватизацијата на фирмата „Фершпед“, која е, можеби, единствен случај во севкупната трансформација на сопственост во Македонија, стана општопознато зошто тоа е направено. На сите веднаш ни беше јасно, велат од ВМРО-НП, дека раководството на „Фершпед“ беше уценето, во замена за позитивна судска одлука со која ќе ја сочува сопственоста на компанијата, за возврат да мора да ја отстапи телевизијата „Алфа“ на фирма блиска до актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ.

„Иако телевизијата беше продадена за повеќе од 20 пати пониска цена од реалната вредност, во ова соопштение ние нема да се занимаваме со спорните имотно-правни релации. Наша главна цел е да ја анализираме културно-образовната и музичка програма, која драстично е променета откако оваа куќа стана нова вмровска телевизија.
Пред ова „Алфа“ беше една нормална македонска телевизија, која со содржините во нејзината програма редовно застануваше во одбрана на македонскиот идентитет, дури со некои емисии го заслужуваше епитетот на најмакедонска телевизија, а што добивме сега? ВМРО-Народна партија е огорчена и од лажниот патриотизам на ВМРО-ДПМНЕ, содржан во нивните декларации за тоа колку се тие големи Македонци. За ова, доволно е да погледнеме само дел од програмата на нивната телевизија и сè ќе ни биде јасно“, стои во соопштението на ВМРО-НП.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сенатот изгласа 95 милијарди за Украина и Израел, но и потенцијална забрана за ТикТок

Сенатот на САД, односно горниот дом на Конгресот, изгласа предлог-закон кој вклучува хуманитарна и воена помош за Украина, Израел, Газа и Тајван во вредност од 95 милијарди долари, но...