среда, 17 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: сообраќајна несреќа | 206 резултати

Две лица загинаа утрово во сообраќајна несреќа кај Росоман

август 10, 2023

Две лица загинаа, а тројца се тешко повредени во сообраќајна несреќа што утрово се случи на магистралниот пат Градско-Прилеп кај Росоман. Незгодата се случила околу 6:40 часот утрово, а според првичните информации станува збор за верижен судир на четири возила. Утрово во прекин е сообраќајот на магистралниот пат Градско-Прилеп поради сообраќајната незгода, а екипи на […]

Возачот кој на пешачки усмрти 11-годишно девојче во Велес ќе одлежи 10 години помалку

август 7, 2023

Апелацискиот суд во Скопје ја прифати жалбата на велешанецот Ангелче Николов кој пред осум месеци возејќи со голема брзина, под дејство на алкохол, на пешачки премин ја усмрти 11-годишната Магдалена Иванова од Велес и му ја преиначи казната од осумнаесет на осум години затвор. Со ова преиначување на пресудата на Основниот суд во Велес, на […]

Tри тешки сообраќајни несреќи за едно деноноќие, повредени се и малолетници

август 6, 2023

Во изминатото деноноќие во Битола, Струга и Гостивар се случија три тешки сообраќајни несреќи во кои возачи и сопатници се здобиле со тешки телесни повреди. Министерството за внатрешни работи соопшти дека три лица од кои двајца малолетници се повредени во сообраќајна несреќа  која вчера во 10.05 часот се случила на крстосница од ул.„Довлеџик“ и крак […]

Жена и дете починаа во сообраќајка во крушевско, повредени уште две деца и возачот

август 3, 2023

Тешка сообраќајна несреќа со смртни последици се случила вчера попладне на регионалниот пат Крушево – Кривогаштани. Според информациите на Министерството за внатрешни работи (МВР), околу 17 часот било пријавено дека на местото викано „Студена вода“, патничко возило „алфа ромео“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 35-годишен жител на селото Канатларци, излетало надвор од коловозот. По […]

Обвинителството ги утврдува причините за сообраќајната несреќа во која загина пешак

август 1, 2023

Извршен е увид на лице место, прибрани се траги и обезбедени се снимки од видео надзор. Возачите на двата автомобила се задржани на лекување, велат од Јавното обвинителство, по вчерашната стравотна сообраќајна несреќа на улицата „Словенечка“ во Скопје во која загина пешак. Од обвинителството велат дека се работи на утврдување на причините за несреќата. Сообраќајната […]

Автоматска секретарка на телефон спасила повреден во сообраќајка кај Штип

јули 29, 2023

Центарот за управување со кризи информира дека рано утрово преку Единствениот европски број за итни случаи 112 добиле невообичаена говорна порака на англиски јазик од автоматска секретарка на мобилен телефон од повреден возач, кој доживеал сообраќајна несреќа. Телефонот бил програмиран автоматски да даде информација на 112 во било која европска држава и пошироко, дека најверојатно […]

За едно деноноќие прегазени двајца пешаци во Прилеп и во Кочани, возачите избегале

јули 8, 2023

За едно деноноќие се случиле две несреќи, во кои пешаци биле прегазени, а возачите избегале од местото, стои во полицискиот билтен. Двајцата имаат тешки телесни повреди. Утринава околу 2 часот по полноќ, на пат А-3 Прилеп-Ресен, во близина на место викано „Петилеп“, патничко возило удрило во пешакот А.А.(43) од Прилеп и го напуштило местото. По […]

Истрага против багеристот кој прегази жена на пешачки премин

јули 3, 2023

Основното јавно обвинителство Скопје информираше оти е донесена Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот според член 300 став 2 во врска со член 297 став 1. Како што соопштија од обвинителството, осомничениот 42-годишник […]

Почина шеесет и шестгодишна жена по удар од багер во центарот на Скопје

јули 1, 2023

Несреќа се случи утрово во центарот на главниот град, откако градежна машина – багер удрила во 66-годишна жена. Како што соопштија од Министерството за внатрешни работи (МВР), жената починала на местото на несреќата, а од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт. Случајот бил пријавен утрово околу 11 часот, а несреќата се […]

Девојче починало по удар од автомобил во Шуто Оризари

јули 1, 2023

Сообраќајна несреќа се случила вчера попладне на улицата „Метохиска“ во скопската населба Шуто Оризари. Според информациите на Министерството за внатрешни работи (МВР), вчера околу 13 часот и 45 минути било пријавено дека патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 45- годишниот Р.Н. од Скопје, удрило во малолетничка. Во несреќата девојчето се здобила […]

Прегазена жена во Скопје, полицијата го фати возачот што избегал

јуни 22, 2023

Жена се наоѓа во критична состојба, откако била тешко повредена во сообраќајна несреќа што вчера се случила на улицата „Франклин Рузвелт“ во Скопје. Во неа удрил автомобил марка „БМВ“ (BMW) управувано од 34-годишниот А.С. од селото Марино, општина Илинден. Иако повеќе медиуми утрово објавија дека возилото било без регистарски таблички, во најновото соопштение на Министерството […]

Oбвинителството отвори истрага за тешката сообраќајна несреќа кај Блаце

јуни 20, 2023

Основното јавно обвинителство – Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело, тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот според член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик, информираат оттаму. „Осомничениот 64-годишник од Скопје на […]

ОЈО: Побаран притвор од 48 часа за возачот кој учествувал во сообраќајката на патот Скопје-Блаце

јуни 19, 2023

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје достави предлог за определување на притвор во траење од 48 часа за лицето кое учествуваше во сообраќајната несреќа што се случи на патот Скопје-Блаце. Лицето по сообраќајќата, во која животот го загубија три лица од Косово, беше задржано од полицијата. Станува збор 64-годишен жител на Скопје, кој управувал […]

Сè уште се трага по трите лица кои со БМВ паднаа во Лепенец, возачот на другото возило во притвор

јуни 18, 2023

Сè уште се трага по три лица кои вчера на патот од Скопје кон граничениот премин „Блаце“ излетаа од патот и со возилото паднаа во реката Лепенец. Во возилото имало четворица патници, од кои досега само еден е пронајден и пренесен во болница. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, во сообраќајната несреќа учествувале патничко […]

Три лица загинаа во сообраќајна несреќа на автопатот Свети Николе-Штип

јуни 2, 2023

Тројца загинати е епилогот од денешната сообраќајна несреќа што се случи на автопатот Свети Николе-Штип во близина на наплатната рампа „Кадрифаково“. Како што информираат од МВР, незгодата се случила околу 12:30 часот на автопатот Штип-Миладиновци, недалеку од местото викано „Криви Дол“. Во несреќата загинале три лица на возраст од 15, 37 и 62 години. Од […]

Шестмина загинати во Грција во судир предизвикан од возило со нелегални мигранти

април 15, 2023

Шест лица ги загубија животите а шест се повредени во страотна сообраќајна несреќа во североисточна Грција, близу градот Александруполи, јави грчката државна телевизија ЕРТ. Директниот судир на автопатот „Егнатиа“ се случил поради автомобил ауди А4, што превезувал илегални мигранти и во кој имало вкупно 10 луѓе. Тој влетал во спротивната лента на излезот од автопатот […]

Тројца Македонци загинаа во сообраќајна несреќа во Италија

април 10, 2023

Тројца Македонци и еден Италијанец се жртви во сообраќајната несреќа што вчеравечер, на Велигден, се случи во градот Асти во регионот Пијемонт во Италија. Како што јавуваат локални италијански медиуми, судирот се случил на провинцискиот пат 456, кој од Ница Монферато води кон Монтегросо и Асти. Во еден од автомобилите што учествувале во несреќата имало […]

Судскиот процес за трагедијата кај Ласкарци започна од почеток

јануари 24, 2023

Супервештачењето за сообраќајната несреќа кај село Ласкарци стаса на судско рочиште по повеќе од една година, но супервештаците кои требаше да го образложат, не дојдоа во судница. Судскиот процес за овој случај денеска започна од почеток, а роднини на загинатите се сомневаат дека процесот оди во насока да се заборави случајот. „Супервештачењето го чекавме повеќе […]

Лишен од слобода возачот што прегази девојче на пешачки премин во Велес

декември 19, 2022

Лишен од слобода е А.Н. (29) од Велес, кој со своето возило завчера прегази девојче во Велес, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). Оттаму велат дека по преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода лицето кое на 17 декември околу 22.15 часот на улицата „Борис Трајковски“ во Велес со […]

Приведено лице што се јавувало преку телефон со лажни информации за сообраќајќи на блиски

октомври 2, 2022

Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска во 9 часот на Граничниот премин Деве Баир го лиши од слобода Н.П.С. (34) од Плевен, Република Бугарија. Тој им се јавувал на повозрасни лица во земјава и успевал да ги доведе во заблуда дека член на нивното потесно семејство предизвикал сообраќајќа и има загинато дете, и доколку сакаат […]

Страна 3 од 11