fbpx
Таг: сообраќајна несреќа

таг: сообраќајна несреќа

Тешко повредената девојка со ампутирана нога, е 16. жртва на автобуската несреќа кај Ласкарци

Девојката која беше тешко повредена како последица на автобуската сообраќајна несреќа кај Ласкарци и чија што нога ѝ беше ампутирана, и подлегнала денеска на повредите. „Станува збор за деветнаесетгодишната девојка, на која и беше ампутирана ногата. Лекарите на КАРИЛ повеќе од еден месец правеа сѐ за го спасат нејзиниот живот. Изразуваме длабоко сочувство до фамилијата“, изјави раководителката на КАРИЛ, Маја...

Едно лице е тешко повредено, а 10 се полесно во сообраќајна несреќа во Прилеп

Едно лице се бори за живот, а 10 други се полесно повредени во сообраќајната несреќа што синоќа два часа пред полноќ се случила на улицата „Александар Македонски“ во Прилеп, при судир на патничко возило „Фиат пунто“ и минибус „Мерцедес спринтер“ што превезувал работници. Двете возила се со прилепски регистарски ознаки. Патничкото возило е управувано од С.Д.(54) од Прилеп, а...

ОЈО: Недозволена брзина и неисправни сопирачки причини за несреќата кај Ласкарци

Едномесечната истрага на Основното јавно обвинителство Скопје за автобуската несреќа кај Ласкарци во која загинаа 15 лица утврдила дека возењето со брзина над дозволената, како и техничката неисправност на автобусот на „Дурмо Турс“ се главните причини за сообраќајката. Обвинителот Сашо Рајчев на денешната прес-конференција соопшти дека автобусот се движел со недозволена брзина од 99 километри на час на автопат на...

Автобусите возат сè побрзо кон смртта

Сообраќајната несреќа кај Ласкарци, кога превртувањето на автобусот на „Дурмо Турс“ однесе 15 животи, а триесетина лица беа повредени, е најголемата автобуска несреќа во Македонија од осамостојувањето, ако не и порано. Овој настан што ја потресе земјата во поглед на бројките на загинати и повредени значително отскокнува над бројките за инциденти со автобуси од претходните години собрани на куп. Но...

Шестмина во критична состојба, на млада пациентка и се заканува ампутација на ногата

Десетмина од повредените во несреќата што се случи кога автобус излета на автопатот Скопје-Тетово се во тешка состојба, а шестмина се во критична, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче во изјава за медиумите. Во болницата „8 Септември“, вкупно хоспитализирани се 28 пациенти од кои шест денеска ќе бидат пуштени на домашно лекување. На скопските клиники има осум повредени од...

Два дена жалост во Македонија, се чекаат причините за автобуската несреќа со 14 загинати

Два дена жалост во Република Северна Македонија по тешката сообраќајна несреќа која се случи во средата (13.02.19), на автопатот Е-65, кој ги поврзува Скопје и Гостивар. Загинаа 14 лица а 39 се повредени. Автобусот на компанијата „Дурмотурс“ со над 50 патници, околу 17 часот поминал преку 3 ленти, излетал од автопатот и се превртел во близина на стариот пат....

Пет пријави за говор на омраза на социјалните мрежи за трагичната сообраќајна несреќа

МВР покренало пет постапки за говор на омраза на социјалните мрежи во врска со трагичната сообраќајна несреќа на автопатот Скопје - Тетово и се работи на откривање на други профили на социјалните мрежи од кои се шират говори на омраза, информираше министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. - Веќе се поднесени соодветни пријави во надлежните јавни обвинителства во Скопје, Струмица...

Несреќата кај Ласкарци, петта по број на жртви во поновата историја на Македонија (инфографик)

Автобуската несреќа кај Ласкарци во која загинаа 14 лица е петта по бројот на жртви во поновата историја. На црната листа води скопскиот земјотрес со околу 1.100 загинати и 3.000 повредени. По него следат авионските несреќи кои навистина биле бројни и крвави, а најголемата се случи на 22.11.1993 година кога патнички авион „Јак-42Д“ на „Авиоимпекс“ се урна поради грешка...

Хан: Длабоко ме натажи трагедијата на автопатот Скопје – Тетово

Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, на својот „Твитер“ профил изрази сочувство за вчерашната сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Тетово во која животот го загубија 14 лица а триесетина се повредени. „Длабоко ме натажи синоќешната трагична несреќа на автопатот Скопје - Тетово во Северна Македонија. Сочувствуваме со семејствата и пријателите на жртвите и повредените“, напиша на „Твитер“...

Филипче: Бројот на загинатите е 14, не 15, а седум се во критична состојба

Не се основани шпекулациите дека починал уште еден од повредените во вчерашната автобуска несреќа, и дека бројката се искачила на 15 загинати, соопшти министерот за здравство Венко Филипче претпладнево, по посетата заедно со премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Бујар Османи, кој инаку е хирург, на полесно повредените кои се хоспитализирани во скопската Градска болница „8 Септември“. Премиерот Заев се заблагодари...

Заев ќе ги посети повредените во „8 Септември“, комеморативна седница во Гостивар

Премиерот Зоран Заев денеска во 10.30 часот ќе ги посети повредените граѓани во страотната сообраќајна несреќа што се случи вчера во близина на селото Ласкарци на автопатот Скопје - Тетово, кои се згрижени во болницата „8 Септември“. Четири од повредените пациенти во болницата „8 Септември“ и три повредени пациенти во Ургентниот Центар во Скопје сé уште се во критична и...

Грчкото МНР изрази жалење и сочувство за трагичната сообраќајна несреќа

Длабоко жалење, како и сочувство и солидарност до граѓаните и владата, изрази Министерството за надворешни работи на Грција по трагичната сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Тетово. „Длабоко жалиме за трагичната сообраќајна несреќа на автопатот Скопје- Тетово. Нашите мисли се со семејствата на жртвите и нивните најблиски. Изразуваме искрено сочувство и солидарност со граѓаните и владата на Северна Македонија“, напишаа...

Бројката на загинати во автобуската несреќа се зголеми на 14, а шестмина се борат за живот

По завршување на синоќешната вонредна владина седница по повод тешката сообраќајна несреќа на патот Скопје-Тетово, премиерот Зоран Заев соопшти дека бројката на загинати се зголеми на 14, а шестмина се борат за живот. Телата на загинатите се дадени на обдукција на Институтот за судска медицина каде што се врши идентификација. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски информираше дека истрагата за причините...

Иванов изрази сочувство до семејствата на загинатите во сообраќајката кај Ласкарци

Претседателот на државата Ѓорге Иванов изрази сочувство по сообраќајната несреќа кај селото Ласкарци во која загинаа 14 лица. -Со длабоко жалење и тага ја примив веста за трагичната сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Тетово, што се случи попладнево. Во овие тажни мигови дозволете да изразам најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите патници. Моите мисли се со нив. На повредените...

Вонредна владина седница по сообраќајната несреќа во која загинаа 13 лица

Владата вечерва ќе одржи вонредна седница, по автобуската несреќа што попладнево се случи на автопатот Скопје – Тетово околу 17 часот, кога животот го загубија 13 лица, над 30 се повредени, а осуммина се во животна опасност. Министрите во Владата ќе ги договорат понатамошните чекори што ќе бидат преземени со цел да се расчисти случајот, а се очекува утрешниот ден...

Заев: Нема зборови што можат да бидат утеха, ги мобилизираме сите сили и капацитети

Неизмерна е болката и тагата и нема зборови што можат да бидат утеха за тешката сообраќајна несреќа која беше кобна за повеќемина наши сограѓани, напиша на „Фејсбук“ премиерот Зоран Заев по трагичната сообраќајна несреќа на патот Скопје-Тетово во која загинаа 13 лица. „Сочувствуваме со најблиските за нивните загуби. Ги мобилизираме сите сили и капацитети да им помогнеме на сите останати...

Нормализиран сообраќајот на автопатот Скопје – Тетово

Нормализиран е сообраќајот на релацијата Скопје – Тетово, кој беше во прекин повеќе од три часа поради тешката сообраќајна несреќа на автобус, во која загинаа 13 лица. Од АМСМ соопштија дека сообраќајот е пуштен во двата правци во 20.45 часот.

Се врши увид на местото на несреќата, на возачот на автобусот ќе му се испитува крв и урина

Најголем дел од жртвите и повредените во трагичната сообраќајна несреќа што попладнево се случи на патот Скопје - Тетово се граѓани на Гостивар, информираше градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари. -Жалосен ден за цела Македонија. Има голем број повредени, 13 се загинати, а петмина се во сериозна животнозагрозувачка состоба. Најголем дел од повредените и загинатите се од Гостивар. Се преземаат сите...

Мотоциклист од Охрид загинал кога удрил во паркиран автобус

Во сообраќајна несреќа кај охридското село Косел, вчера животот го загубил 32-годишниот охриѓанец Љ.Ј., соопшти СВР Охрид. Несреќата се случила околу 17.15 часот на магистралниот пат Охрид - Ресен, кај Косел. Сега загинатиот охриѓанец управувајќи мотоцикл „јамаха“ удрил во задниот дел на паркиран автобус „мерцедес“ со кочански таблички и го загубил животот. Полицијата извршила увид заедно со Јавен обвинител, а телото...

Повредени 20 работници во сообраќајка кај Мамутчево

Дваесет работници се повредени во сообраќајката што се случи попладнево околу 13:20 часот на излезот од велешкото село Мамутчево. Се судриле камион и автобус кој превезувал работници од Велес. Како што информира за МИА Весна Лазаровска од ЈЗО Општа болница Велес со возила на итна медицинска помош од Велес во болницата итно биле донесени 20 повредени работници. – Сите беа прегледани...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...