недела, 7 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: сообраќајна несреќа | 206 резултати

Радиолог, гинеколог и радиолошки технолог од болницата „Плодност“ се жртвите во сообраќајната несреќа кај Прилеп

октомври 3, 2024

Во тешката сообраќајна незгода на патот Прилеп – Битола загинаа радиолог, гинеколог и радиолошки технолог од приватната болница „Плодност“. Станува збор за прим. д-р Александар Ристески, врвен македонски радиолог, спец. гинеколог д-р Никола Василески и радиолошкиот технолог Фанче Јованоска. Тие загинаа во сообраќајна несреќа додека доаѓале на своите работни места од Прилеп. „Изразуваме длабоко сочувство […]

Во сообраќајка на автопатот Тетово-Скопје загина 24-годишно момче од Свети Николе

септември 29, 2024

Патничко возило „голф“ со светиниколски регистарски таблици вчеравечер околу 20:30 часот излетало од коловозот на автопатот Тетово-Скопје. Во несреќата на местото на настанот починал возачот В.З. (24) од Свети Николе, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Лекар од Итната медицинска помош од Тетово констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител при тетовското јавно обвинителство, […]

Татко и син загинаа во сообраќајна несреќа кај наплатната станица Миладиновци

септември 3, 2024

Две лица починаа во сообраќајна несреќа што вчера претпладне се случила на автопатот Скопје – Куманово, пред наплатната станица Миладиновци, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Возило „Мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, кое било управувано од 34-годишниот Б.А. од кумановското село Опае, удрило во сообраќајни знаци и во запрено товарно возило „Ман“ со скопски регистарски […]

Возачот на ЈСП осомничен за предизвикување на несреќата во која загина 17-годишно момче

август 13, 2024

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 51-годишниот возач на автобус на ЈСП, кој беше дел од сообраќајната несреќа на општинскиот пат Шуто Оризари –Горно Оризари, во која загина 17-годишниот возач на една од двете други возила кои биле дел од сообраќајната несреќа. Од Обвинителството тврдат постои основано сомнение дека возачот на автобусот сторил кривично […]

Јавното обвинителство ја испитува сообраќајката на автобусот на ЈСП

јули 16, 2024

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека презема дејствија за испитување на настанот кој се случи претходно месецов, кога автобус на ЈСП Скопје изгуби контрола и заврши на жардиниерата на булеварот “Гоце Делчев”, при што со телесни повреди завршија возачот на автобусот и двајца патници. Автобус на ЈСП Скопје заврши врз жардинерите кај ТЦ „Мавровка“ – […]

МНР: Во Грција во сообраќајна несреќа загина 29-годишна девојка, две се тешко повредени

јуни 22, 2024

Министерството за надворешни работи објави детали за тешката сообраќајна несреќа во Грција која се случи вчера, а во која загина 29-годишна жена од Македонија. Во несреќата се повредени уште две жени кои биле во возилото, а четвртата поминала без повреди. Несреќата се случи на автопатот Егнатиа во правец кон Солун. „На Автопатот Егнатиа, во Република […]

Двајца загинати при излетување на патничко возило во провалија на Галичица

јуни 18, 2024

Вчера околу 13 часот во провалија покрај патот Охрид – Отешево, полициски службеници со помош од параглајдеристи пронашле патничко возило „фолксваген голф“ со ресенски регистарски ознаки и во негова близина биле пронајдени две починати лица, информира охридската полиција. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт кај лицата, а полициски службеници констатирале дека се работи за […]

Возач загина откако со автомобилот слетал во река кај Колари

март 2, 2024

Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера околу 18 часот на магистралниот пат Кичево – Гостивар кај селото Колари, во која животот го загубил скопјанец, откако со возилото што го управувал излетал од патот. Во сообраќајката со тешки повреди се здобила малолетна сопатничка, која во моментот е на лекување во болница. Според информациите од Министерството за […]

Двајца загинати и седуммина повредени во сообраќајна несреќа на патот Штип-Кочани

февруари 14, 2024

Јавен обвинител од ОЈО Кочани врши увид на лице место на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на клучката кај Чешиново, каде што се случи тешкa сообраќајна несреќа во која загинаа две лица, а седуммина се повредени. „Издадени се повеќе наредби за утврдување на причините за несреќата. На увидот присуствуваше и вешто лице од областа на […]

Еден загинат и 20 повредени во тешка сообраќајна несреќа на патот Битола-Демир Хисар

јануари 30, 2024

Во тешка сообраќајна несреќа попладнево загина 42-годишен битолчанец, а 20 луѓе се повредени. Сообраќајната несреќа се случила на регионалниот патен правец Битола-Демир Хисар. Станува збор за судир меѓу патничко моторно возило и комбе на компанија која превезувала работници од Битола кон населените места во Демир Хисар. Загинатиот битолчанец, К.К., бил совозач на автомобилот со битолски […]

Сообраќајна несреќа во Лисиче: Удрил во 61-годишен велосипедист, па побегнал

јануари 14, 2024

Сообраќајна несреќа се случила вчеравечер во Долно Лисиче во која со тешки телесни повреди завршил 61-годишен велосипедист од Скопје. Како што информираше Министерството за внатрешни работи (МВР), синоќа околу 20 часот и 30 минути било пријавено дека на крстосницата меѓу улиците „1“ и „7“ во Долно Лисиче се случила незгода во која возило удрило во […]

Двајца загинати во сообраќајна несреќа на патот Гостивар-Кичево

јануари 5, 2024

Две лица загинаа во сообраќајната несреќа што утрово во 7:10 часот се случи на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во непосредна близина на каменоломите. Сообраќајот беше во прекин во двата правци до 9:50 часот утрово, а во моментов е нормализиран. Сообраќајната несреќа ја потврди и Министерството за внатрешни работи (МВР), од каде информираат дека во неа учествувале […]

Предизвикал сообраќајна несреќа, па ја грабнал повредената во своето возило и ја претепал

јануари 3, 2024

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти за случај на грубо насилство, во кое осомничено 65-годишно лице предизвикало сообраќајна несреќа, а потоа насилно ја турнало повредената во своето возило, по што ја извадил и ја тепал со клоци и со тупаници. Настанот се случил на 27 декември 2023 година, додека оштетените, мајка и син, со своето возило […]

Со „голф“ удрил во пешак во Скопје, па избегал

декември 24, 2023

Со тешки телесни повреди здобиени во сообраќајна несреќа, вчера завршил 48-годишниот А.В. од Свети Николе. Случајот во СВР Скопје го пријавиле од Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде бил однесен повредениот, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР). Од страна на полициски службеници бил извршен разговор со повредениот, при што било констатирано дека на крстосницата меѓу улиците […]

Повредена млада мечка на патот Тетово-Непроштено по удар од автомобил

декември 1, 2023

Доцна вечерва на локалниот пат Тетово – с. Непроштено патничко моторно возило удрило во млада мечка која го минувала патот заедно со мајката и уште две помали мечиња, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Во возилото кое удрило во мечката се наоѓало локално семејство, татко, мајка и три мали деца. „Од ударот сите биле […]

Поднесено обвинение за инцидентот со новинар и снимател кај Росоман

октомври 3, 2023

Основното јавно обвинителство Кавадарци денеска поднело Обвинителен предлог против 43-годишен жител на Росоман за кривично дело – Спречување службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик. Станува збор за инцидентот во јули кај Росоман кога беа нападнати новинар и снимател, а […]

Татко и син спасени во драматична потрага по сообраќајка во Кавадарци, детето било присебно и побарало помош на 112

септември 3, 2023

Татко и син биле спасени по сообраќајна несреќа во Кавадарци, откако детето се јавило на единствениот број за пријавување несреќи, пожари, ризици и опасности 112 и побарало помош. Како што информираше градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев детето многу успешно ги водело спасувачките екипи до местото каде што се случила несреќата, по што биле превезени во […]

Сообраќајна несреќа на патот Скопје-Велес, засега нема информации за повредени или жртви

август 21, 2023

Тешка сообраќајна несреќа се случи денеска на патниот правец Скопје-Велес. Засега нема официјални информации за загинати или повредени лица. Екипи на Министерството за внатрешни работи вршат увид на местото на несреќата. Возило во сребрена боја стои превртено на едната коловозна лента и го забавува движењето по коловозот.    

ЦУК: Едно лице загина, а три се тешко повредени во сообраќајка во Ранковце

август 14, 2023

Eдно лице загина а три се тешко повредени во сообраќајната несреќа што се случила ноќеска во селото Љубанци, општина Ранковце, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). „Регионалниот ЦУК Куманово, известува дека синоќа сообраќајна несреќа при која автомобил удрил во банкина во реонот на с. Љубанци, Општина Ранковце, при што животот го загуби едно лице, […]

Две возила ја предизвикале сообраќајката кај Росоман, во која животот го загубија две лица

август 10, 2023

Две возила првично ја предизвикале сообраќајната несреќа, која се случи утрово околу 6.30 часот на магистралниот пат Градско-Прилеп кај Росоман и во која животот го загубија две лица, а тројца се тешко повредени. На местото „Камен дол“, најпрво се судриле возило „фиат добло“ со прилепски регистарски таблички и „фолксваген голф“ со штипски регистарски таблички. На […]

Страна 2 од 11