fbpx

ОЈО: Побаран притвор од 48 часа за возачот кој учествувал во сообраќајката на патот Скопје-Блаце

Предлогот за притвор е поднесен бидејќи постојан околности кои укажуваат на опасност од бегство

-

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје достави предлог за определување на притвор во траење од 48 часа за лицето кое учествуваше во сообраќајната несреќа што се случи на патот Скопје-Блаце. Лицето по сообраќајќата, во која животот го загубија три лица од Косово, беше задржано од полицијата.

Станува збор 64-годишен жител на Скопје, кој управувал со автомобил „Фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки и кој во критичниот момент ја престигнувал колоната возила во која бил и косовскиот автомобил.

Предлогот за притвор е поднесен бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, а ова лице ќе биде во притвор додека во целост не бидат испитани сите околности и не биде утврдена причината за сообраќајната несреќа.

Инаку, вчера попладне заврши извлекувањето на автомобилот „БМВ“ со косовски регистарски ознаки и трите тела на починатите патници од водите на реката Лепенец. Четвртиот патник во автомобилот заврши како повреден во Градската болница во Скопје и тој е единствениот кој успеа да се спаси од водите на реката Лепенец. Од обвинителството информираат дека ќе биде издадена наредба за обдукција, а јавниот обвинител ги координира сите дејствија со цел обезбедување докази за расчистување на настанот.

Извлечен автомобилот што падна во Лепенец, во него биле трите тела по кои се трагаше

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Учениците од утре на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од утре, 29 април, ќе бидат на пролетен распуст. Распустот ќе трае 8 дена, а во училишните клупи ќе се вратат...