Истрага против багеристот кој прегази жена на пешачки премин

Осомничениот 42-годишник од Скопје во саботата на улицата „Јордан Мијалков“ во главниот град управувал мобилна машина – багер „Лиебхерр“ без да се придржува кон прописите на јавниот сообраќај и со тоа го довел во опасност животот на луѓето

-

Основното јавно обвинителство Скопје информираше оти е донесена Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот според член 300 став 2 во врска со член 297 став 1.

Како што соопштија од обвинителството, осомничениот 42-годишник од Скопје во саботата на улицата „Јордан Мијалков“ во главниот град управувал мобилна машина – багер „Лиебхерр“ без да се придржува кон прописите на јавниот сообраќај и со тоа го довел во опасност животот на луѓето.

На обележан пешачки премин, осомничениот со машината удрил во телото на жена-пешак, која од ударот се здобила со тешки телесни повреди и починала.

„Непосредно по настанот, јавен обвинител изврши увид на лице место и издаде повеќе наредби со цел да се испитаат сите околности и да се утврдат причините за сообраќајната несреќа. По еден дел од наредбите сè уште се постапува“, велат од Јавното обвинителство.

Од таму додаваат дека за осомничениот е поднесен предлог за определување мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштe, обврска повремено да се јавува кај определено службено лице или надлежен државен орган, привремено одземање на патната исправа и на возачката дозвола, како и привремена забрана да презема определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело.

Почина шеесет и шестгодишна жена по удар од багер во центарот на Скопје

МАГА сојузниците се против американски напад на Иран, но не го критикуваат Трамп

Додека во редовите на Републиканската партија се води жестока битка околу прашањето за директна воена интервенција против Иран, истакнати конзервативци и блиски сојузници на поранешниот претседател Доналд Трамп остро се противат...

ЈО: Поведена постапка за инцидентот во Чаир во кој синоќа беа ранети три лица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје повел постапка против едно лице на возраст од 18 години, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од членот 131...

Повторно провалено во домот на убиената пратеничка од Минесота, Мелиса Хортман

Во домот на убиената пратеничка на сојузната држава Минесота, Мелиса Хортман, е пријавено уште една провалување, соопшти локалната полиција, а пренесе Еј-Би-Си њуз. Откако таа и нејзиниот сопруг, Марк, беа застрелани во...

„Никој не знае“: Трамп не открива дали ќе го нападне Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп не сакаше да открие дали донел одлука да нареди напад на САД врз Иран, потег кој Техеран повторно предупреди дека ќе наиде на жесток одговор, пишува Асошиејтед...

МАГА сојузниците се против американски напад на Иран, но не го критикуваат Трамп

Додека во редовите на Републиканската партија се води жестока битка околу прашањето за директна воена интервенција против Иран, истакнати конзервативци и блиски сојузници на поранешниот претседател Доналд Трамп остро...