fbpx
Таг: сообраќајна несреќа

таг: сообраќајна несреќа

Поради несреќа, во прекин е сообраќајот на автопатот Скопје – Велес

Поради сообраќајна незгода со повеќе возила на автопатот А1, делница Каласлари – Велес, сообраќајот е во прекин за сите видови возила, информираат од АМСМ. Пренасочување на сообраќајот по спореден пат има само за патничките возила. Сообраќајот на другите патишта се одвива без забрани и застои, по влажни коловози. На коловозите има остатоци од кашест снег по интервенцијата од дежурните екипи...

Откриени тројца мигранти од Палестина по сообраќајка на патот Гевгелија – Негорци

Тројца економски мигранти од Палестина биле повредени во сообраќајна незгода што вчера, околу 10.30 часот, се случила на регионалниот пат Гевгелија - Негорци, кога автомобилот, со кој нелегално биле превезувани, излетал од патот. Како што информираат од МВР, возачот на автомобилот „опел тигра“, И.Ѓ.(25) од Гевгелија, не бил пронајден на местото на несреќата. Мигрантите, пак, биле пронајдени во општата болница...

Деветгодишно дете загинало во сообраќајка во Сопот, Кумановско

Деветгодишно момче го загубило животот во сообраќајна незгода што вчера попладне се случила во кумановското село Сопот, кога движејќи се пеш било прегазено од камион, соопшти полицијата. Во несреќата било повредено уште едно лице, кое по укажната помош е пуштено на домашно лекување. Според полициските информации, сообраќајната незгода се случила околу 17.45 часот, на локалниот пат во селото Сопот, кога товарното...

Пешак загина на улица во Тетово

Пешак на возраст од 57 години претпладнево почина откако во него удри товарно возило, марка „мерцедес“, додека ја преминувал улицата Видое Смилевски - Бато во Тетово. Сообраќајката се случила надвор од обележан пешачки премин. Пешакот, кој од ударот имал тешки повреди по телото, од возачот на камионот, со друго возило, веднаш бил пренесен во тетовската клиничка болница, каде по кратко време...

Едно лице загина во сообраќајка кај клучката Хиподром

Едно лице го загуби животот, а четворица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на автопатот Скопје - Куманово, кај клучката во Хиподром. Сообраќајката се случила помеѓу автомобил „фолксваген голф“ со скопски регистарски таблички, управуван од скопјанец, и автомобил „пасат“ со кумановски регистарски таблички, управуван од кратовец. Повредените биле пренесни во Ургентниот центар „Мајка Тереза“. Сообраќајната полиција во текот на...

Мотоциклист се бори за живот по сообраќајна несреќа на Илинденска

Тешка сообраќајна несреќа се случила вечерва околу 20 часот на булеварот Илинден, во која учествувале два автомобили и мотор. Мотоциклистот бил потешко повреден и се наоѓа на Ургентен центар, каде што се бори за живот. Истрагата е во тек.

Сообраќајна несреќа во Куманово, двајца повредени

Две лица се повредени, од кои едно потешко, во сообраќајна несреќа што се случи утрово во 5.45 часот, на магистралниот пат Куманово - Крива Паланка, во близина на населбата Карпош. Во сообраќајната несреќа учествувале две возила со кумановски регистарски таблички. Според СВР Куманово, до несреќата дошло откако автомобилот „опел астра“, управуван од кумановецот Д.Т. (1989), кој се движел од Куманово кон...

На Водно ќе се гради парк во спомен на жртвите на сообраќајни несреќи

По повод Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди, денеска на Средно Водно со засдување дрвца ќе биде промовиран парк во спомен на лицата што оваа година го загубија животот во сообраќајки во Република Македонија. На настанот што го организира Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), ќе присуствуваат претседателот на РСБСП, Стојче Стаменковски, директорот на Комисијата...

67-годишен пешак прегазен на улица во Чаир

Шеесет и седумгодишен жител на велешкото село Кочилари го загубил животот во сообраќајна несреќа, што вчера се случила на улицата Кемал Сејфула во скопската населба Чаир, сооошти денеска полицијата. Како што информираат оттаму, сообраќајната несреќа се случила околу 6.50 часот, кога автомобил, марка „опел астра“, што го управувал 34-годишниот Ќ.К., удрил во Иса К. (67), кој се движел пеш. Тој со...

Возач загинал во сообраќајка на патот Македонски Брод – Самоков

Седумдесет и тригодишен жител на селото Ропотово го загубил животот, а уште три лица биле повредени во сообраќајна незгода што вчера попладне се случила на регионалниот пат Македонски Брод - Самоков, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, сообраќајната незгода се случила околу 16 часот, а во неа учествувале автомобил, марка „лада рива“, што го управувал починатиот Драгомир С., и возило...

Едно лице загина во сообраќајна несреќа на патот Куманово – Пчиња

Во сообраќајна несреќа што се случи на регионалниот пат Куманово - Пчиња, загина едно лице, а уште едно е потешко повредено. Сообраќајната несреќа се случи вчера, а како што соопшти МВР, џип „санг јонг“ со кумановски регистарски ознаки управувано од С.Н. (20) од селото Пчиња, од засега непознати причини, излетало од патот. Од повредите при несреќата, сопатникот во возилото, Милко И. (28) од...

Почина фудбалерот Александар Пандовски

Фудбалерот Александар Пандовски, кој пред неколку дена имаше тешка сообраќајна несреќа, утрово им подлегнал на повредите. Пандовски беше младински репрезентативец на Македонија, фудбалер на „Вардар“, „Работнички“ и на „Турново“, а последно настапуваше за „Еуромилк“. Тој доживеа тешка сообраќајна несреќа откако неговиот автомобил излета од патот на излезот од Скопје и удри во столб на бензинската пумпа на „Макпетрол“.

Тешка сообраќајна несреќа кај Тетово

Тешка сообраќајна несреќа се случила утрово на патот Тетово-село Пирок, а според неофицијалните информации две лица се загинати, но има и повредени. Од МВР ја потврдуваат сообраќајната несреќа, но детали за бројот на загинати и повредени лица ќе бидат соопштени по завршување на увидот.

Тешка сообраќајна несреќа на патот Прилеп – Крушево

„Тико“ и „опел корса“ се судриле денеска околу 17 часот на регионалниот пат Прилеп - Крушево. Поради големата оштетеност на возилата, морала да интервенира и противпожарната единица, која со посебна опрема ги извадила патниците од возилата, од кои три се тешко повредени, а едно е во критична состојба. Полиција и истражен судија излегле на местото на несреќата за да ја утврдат...

Сообраќајна несреќа во Србија, едно лице загина

Едно лице загина, а повеќе од 80 се повредени во тешката сообраќајна несреќа што се случи утринава околу 4.10 часот кај Бубањ Поток, кога се превртел двокатен автобус, пишува српски „Блиц“. Меѓу повредените има и 13 деца, а едно дете, на возраст од две и пол години, е примено со тешки повреди и е во животна опасност. Несреќата се случила на автопатот Ниш -...

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...