Деветгодишно момче го загубило животот во сообраќајна незгода што вчера попладне се случила во кумановското село Сопот, кога движејќи се пеш било прегазено од камион, соопшти полицијата.
Во несреќата било повредено уште едно лице, кое по укажната помош е пуштено на домашно лекување.
Според полициските информации, сообраќајната незгода се случила околу 17.45 часот, на локалниот пат во селото Сопот, кога товарното возило, марка „мерцедес“, што С.Џ. (46) од Арачиново предходно го паркирал, поради товарање стока, во еден момент самото се придвижило и со предниот дел удрило во Х.С. (35) и во деветгодишното дете, двајцата од Сопот.
По несреќата, тие веднаш биле пренесни во медицинскиот центар во Куманово, каде од страна на доктор кај детето била констатирана смрт, додека Х.С., кој имал телесни повреди, по укажаната помош бил пуштен на домашно лекување.
Увид на местото на несреќата извршила екипа на Секторот за внатрешни работи Куманово.